Атланта без Антиќ загуби во Канада, Чикаго подобар од Њујорк

Екипата на Атланта со пораз ја започна сезоната во НБА, откако загуби од Торонто Репторс 109:102. Перо на подготовките имаше мала минутажа, а синоќа не беше во составот поради одлука на тренерот. Вечерта ја одбележија Булси со убедлив триумф над Њујорк.

Враќањето на Ал Хорфорд во екипата по повредата значи и помал простор за Перо Антиќ, кој според извештаите од САД не бил во план за гостувањето против Торонто, во кој сите стартери имаа двоцифрени поени во победата над Хокси.

Пeро Антиќ има проблем и со заштитната маска, која што ја носи поради повреда на носот во подготвителниот период. За прва победа во сезоната, Торонто во составот го имаше расположениот Литванец, Јонас Валанчиунас кој уфрли 17 поени, Амир Џонсон додаде 16 поени со 10 скока, а добар настап имаше и повратникот во тимот, Теренс Рос кој забележа 13 поени.

Кај Хокси, играчите кои играа најмногу и на пријателските натпревари, Кајл Корвер, Џеф Тих и Мајк Скот и овојпат имаа солидна партија и уфрлија по 20 поени за Хокси. Пол Милсап го заврши натпреварот со 13 поени и 10 скока.

Во останатите 11 натпревари од вечерта, Чикаго славеше убедливо против Њујорк 104:80, додека Портланд ја изненади Оклахома 106:89.

НБА РЕЗУЛТАТИ 1.коло:

Мајами - Вашингтон 107:95
Хјустон - Јута 104:93
ЛА Лејкерс - Феникс 99:119
Сакраменто - Голден Стејт 77:95
Бостон - Бруклин 121:105
Шарлот - Милвоки 108:106 после продолженија
Индијана - Филаделфија 103:91
Денвер - Детроит 89:79
Минесота - Мемфис 101:105

30 октомври 2014 - 09:47