Македонски Телеком го сотре ОНЕ

Во последниот ден од четвртото коло во Бизнис лигата Вељановски и Пацоли го поразија ONE, а победи славеа и екипите на Гранит и Глобко Логистик

Македонски Телеком поуспешен од ONE во телекомуникациското дерби 
Македонски Телеком 5-2 (2-1) ONE
Македонски Телеком: Ивица Вељановски 3’, 27’, 40’, Агрон Пацоли 4’, 25’
ONE: Илхан Алити 6’, Александар Ивановски 39’

Телекомуникациското дерби го отвори екипата на Македонски Телеком со два погодоци од маестрално одиграни акции. Но, и екипата на ONE не остана покусо, па возврати со гол во 6’ за да му даде на ова дерби вистински сјај. До крајот на првото полувреме се водеше рамноправна борба и резултатот остана непроменет (2-1). На самиот почеток на второто полувреме Македонски Телеком постигна гол за 3-1 кој ги подигна моралот и самодовербата кај нив. Екипата на ONE касно се разбуди без доволно сили за некој посериозен пресврт, па го загуби овој натпревар со 5-2.

Гранит ја искористи слабата реализација на Dominos Pizza
Dominos Pizza 3-6 (0-3) Гранит
Dominos Pizza: Неделко Неделковски 22’, Горан Симоновски 30’, Слободан Гајдов 32’
Гранит: Пепи Мицев 2’, Дарко Стојановски 4’, Стефан Митревски 7’, 25’, Марјан Петровски 26’, Далибор Велковски 34’

Во првото полувреме екипата на Гранит постави одлична игра, пред се во одбраната, не дозволувајќи му на Dominos Pizza да развие течен напад, што пак му овозможи на Гранит преку контранапади да дојде до реализација од 3 гола со која предност отиде на полувремето (0-3). На самиот старт од второто полувреме Dominos Pizza даде гол и кога најавија резултатски приклучок останаа со играч помаку кој Гранит го претвори во гол за повторно вреќање на високата предност. Во продолжението од второто полувреме Dominos Pizza не реализираше пенал, па со ваквата слаба реализација не можеше да очекува поголем исход во овој натпревар, кој го загуби со 3-6.

Глобко Логистик преку Божинов до победа над Контрола на летање
Контрола на летање 5-7 (3-2) Глобко Логистик
Контрола на летање: Звонко Зоксимовски 2’, Љубе Стаменковски 3’, 4’, Горан Тасевски 21’, Фарук Мифтари 23’
Глобко Логистик: Александар Божинов 5’, 17’, 34’, 36’, Зоран Велковски 26’, Тони Караташев 29’, 39’

Екипата на Контрола на летање имаше фуриозен почеток во кој за само 3 минути постигна 3 гола уште на самиот почеток. Глобко Логистик тргна во поофанзивна игра, но Контрола на летање се повлече, ги затвори сите приоди кон сопствениот гол, па така на Глобко Логистик доста му го отежна протокот на топка во нападот. Сепак Глобко Логистик пред крајот на полувремето со 2 погодоци успеа да фати резултатски приклучок. Полувреме 3-2. Во второто полувреме Глобко Логистик го имаше во своите редови расположениот Александар Божинов кој му даде ветар во грб на својот тим и го водеше до победа од 5-7.

30 октомври 2014 - 09:45