Кога се разболе вети дека ќе се бори како Супермен и ќе работи како тренер до смрт. Но имаше тешка форма на рак која според статистиките 37% од заболените ја издржуваат уште околу 5 години.
Почна со младинскиот тим на Елфсборг, потоа ги тренираше сениорите, а кога продолжи тренерската работа да ја работи во инвалидска количка изјави:
„Прочитав многу натписи во медиумите за нашата успешна работа во Елфсборг, а тоа ме прави среќен. Но прочитав и некои колумни во кои се поставува прашањето дали поради мојата болест треба уште да ме држат како тренер, а тоа ме иритира. Моето ниво на работа е истото од кога се разболев од 2009 година што значи дека сум здрав. Со оглед на многуте третмани, многу сум послаб, слаби ми се и коските и моето тело не е какво што треба да биде на 45 години. Но доста се зборува за мојот рак. Јас имам договор со клубот како тренер. Физички и психички немам проблем да работам. Секој треба да биде критикуван за својата работа, па така и јас. Но критиките треба да се однесуваат во поглед на тоа колку сум добар во тоа што го работам, а не затоа што имам болест или хендикеп“.