Таг: елфсборг

Јака диверзија во Шведска

Во 93' минута од мечот Елфсборг - АИК во шведската лига, при резултат 2:2, гостинскиот голман Будимир Јаношевиќ оди во противнички шеснаесетник. Ама домаќинот се одбрани и тргнува во жустра контра. Фудбалерите на АИК знаат дека голот им е празен па користат втора топка на теренот за да не примат гол.

Неверојатен гол на Бесард од своја половина

Синоќа по цел свет се одиграа стотици натпревари во разни натпреварувања и паднаа стотици голови. Еден од поубавите во шведската прва лига го даде Бесард Сабовиќ кој ги постави конечните 2-2 на мечот Елфсборг - Мјалби.

Автогол на сезоната во Шведска

Во шведското првенство, Хакен го прегази Елфсборг со 5-0 а првиот погодок на мечот беше автогол на Роберт Гојани.

Тренерот во количка не издржа

По пет годишна битка со ракот, почина поранешниот репрезентативец на Шведска, Клас Ингенсон кој имаше 46 години.

Тренерот кој одбива да биде поразен од рак

Клас Ингенсон е жива легенда, но не затоа што има голем број на успеси и титули, туку затоа што е тренер во последните пет години. Болеста му го попречи движењето и тренинзите мора да ги води од инвалидска количка, но тоа не го спречи викендов да го освои Купот на Шведска.