The Rumble in the jungle (Грмотевица во џунглата) се викаше најавата на легендарниот боскерски дуел во Киншаса, каде еден спроти друг застанаа светскиот првак во тешка категорија, Џорџ Форман и неговиот предизвикувач Мухамед Али.
Мечот беше познат како еден од најспектакуларните настани на ХХ. век, со оглед дека тогашниот заирски претседател Мобуту го сфати како идеална прилика за промоција на неговиот режим во светот.
Организатор на целиот настан беше Дон Кинг кој претходно не успеал да договори борба меѓу двата боксери во САД, затоа што не нашол спонзор кој ќе даде 5 милиони долари за целиот настан. Кинг решава да го договори дуелот во друга земја, по што претседателот на Заир, Мобуту прифаќа да биде промотер на мечот. Како забава за народните маси и вовед на борбата, Мобуту и Дон Кинг организираат три дневен фестивал со најпознати музички ѕвезди на стадионот 20 мај во Киншаса.За разлика од сите претходни дуели, Али во борбата со шампионот Форман влезе со тактика во која боксуваше покрај јажињата. Во првите 8 рунди, Форман буквално демонстрираше сила и кога веќе се издува, Али го нокаутираше во 9-та рунда и на тој начин ја врати титулата светски шампион. За целиот настан се снимени неколку документарци и напишани се повеќе книги.
Лична карта: Касиус Клеј
Роден: Луисвил (Кентаки) 17. јануари 1942. година
Кариера: 61 борба, 56 победи, 37 со нокаут
Во 1964. се преобратува во Исламот и го менува името во Мухамед Али. Три години подоцна, во 1967. јавно е критикуван поради одбивањето да служи во американската војска за време на војната во Виетнам. На тоа се одлучил поради своето верско убедување.
„Немам проблем со Виетнамците. Тие никогаш не ме нарекле црнчиште. Не сакам да патувам 16 илјади километри за да помогнам во убивањето и палењето на други луѓе само за да се зголеми доминацијата на белите робовласници над темните луѓе во светот“, изјави Али, кој стана инспирација на младите луѓе да ѝ се спротивстават на војната.
Лична карта: Џорџ Едвард Форман
Роден: Маршал (САД) 10. јануари 1949. година
Кариера: 78 борби, 76 победи, 68 со нокаут
Џорџ Форман во 1994-та стана најстариот шампион во тешка категорија, откако на 45 години го нокаутираше Мајкл Мурер и на тој начин ја врати титулата.