Offside

Претседателот на САД Доналд Трамп го поддржа првиот човек на ФИФА Џани Инфантино кој е под огромен притисок од јавноста а многу национални федерации му откажаа поддршка откако во јавноста се појави негов план да го приватизира и продава Светското првенство во фудбал.

Селтик на колена, Ибраими ќе дебитира во ЛШ

Фудбалерите на Марибор го шокираа Селтик на гости со 1:0 и за втор пат во нивната историја се пласираа во групната фаза во Лигата на шампионите каде за прв ќе настапува нашиот репрезентативец. Во најелитното клупско европско друштво ќе играат и Порто, Зенит, АПОЕЛ и БАТЕ Борисов.

Аплаузите на УС Опен ги собра пчела

Во најинтересниот дуел од женскиот дел на американскиот Грен Слем доцна синоќа, славата на Венус Вилијамс од САД и Јапонката Кимико Дате им ја собра неочекувана гостинка.

Занети доби спортски Оскар за 2014-та

Трофејната сала на некогашниот играч, а сега потпретседател на Интер, Хавиер Занети е побогата за уште еден пехар. „Тракторот“, како што го викаа навивачите е избран за „Спортско лице на годината“ во Италија.

Симболиката со броевите на дресовите

Играчите на времето строго се држеа до броевите од 1 до 11, а сега речиси и да нема фудбалер кој не носел двоцифрен број на грбот. Некој од суеверие, друг од мајтап, трет од почит. Марио останува на 45-та и во Ливерпул.

Фудбалер од Египет го бојкотира мечот на папата

„Не играм заедно со ционисти“, изјави Мохамед Абутрика кој одбива да настапи на натпреварот за мир во светот.

Банана провокација во Јапонија

Цел свет се изнајаде банани како поддршка за Дани Алвеш, кој почна анти-расистичка кампања, но во Јапонија навивачите се вратија по старо и фрлија во депресија бразилски фудбалер. 

Ибраими на Селтик Парк ќе брка деби во ЛШ

По нерешените 1:1 во Словенија, екипата на Марибор ќе брка втор пласман во елитата. Со ист резултат по првите плејоф мечеви БАТЕ Борисов и Апоел ги пречекуваат Слован Братислава и Алборг. Порто и Зенит со минимална предност имаат нешто покомотни реванши.

Ибраими на Селтик Парк ќе брка деби во ЛШ

По нерешените 1:1 во Словенија, екипата на Марибор ќе брка втор пласман во елитата. Со ист резултатот по првите плејоф мечеви БАТЕ Борисов и Апоел ги пречекуваат Слован Братислава и Алборг. Порто и Зенит со минимална предност имаат нешто покомотни реванши со Лил и Стандарт.

Небезбедна коментаторска позиција

Бејзбол топчињата обично завршуваат кај Зак, но ова фати друг правец каде за малку ќе имаше и повредени. Најјака е реакцијата на третиот чичко во кабината на 0:22.

Селтик - Марибор

Од спорт на ТВ денес ви ги препорачуваме реванш средбите од плејофот во Лигата на шампионите, тенис УС Опен и пријателски кошаркарарски натпревар како увертира за СП во Шпанија. 

Симеоне казнет со 8 меча, Роналдо помилуван

Стратегот на Атлетико Мадрид доби огромна казна по финалето од Супер купот на Шпанија.

УС Опен е златна шанса за Федерер

Во ситуација кога Надал е повреден, Ѓоковиќ и Мареј си ја бараат формата, а Димитров и Раониќ не се на негово ниво, Швајцарецот има големи шанси за 18-та Грен слем титула во кариерата.

Албанецот кој ја забавува пола Европа со топка

На триковите кои ги прави може да позавидат Азар, Роналдо и Ибрахимовиќ. Фабијан Дуро веќе неколку месеци е на турнеа низ големите плоштади ширум континентот, каде покажува сè што научил во фристајлер кариерата, а се надеваме дека скоро ќе го видиме и кај нас.

Стоп на неодредено време за фудбалот во Алжир

По убиството на Камерунецот Алберт Ебосе, кое изминатиов викенд се случи во тамошното првенство, фудбалската федерација на Алжир доцна синоќа донела одлука да го суспендира шампионатот.

Вигинс трампан како Коби за Дивац

Трет пат во историјата на НБА лигата, првиот пик воопшто нема да заигра за клубот кој го избрал на драфтот, откако Минесота го даде Кевин Лав за Ендрју Вигинс од Кливленд во големата трампа меѓу три клуба.

Велосипедисти што мислат на физика

Спринтерските трки во велодромски велосипедизам не се базираат само на тоа кои ќе извози побрзо. Се возат три круга, од кои во првите два има повеќе тактика, успорување и меѓусебно меркање. Борбата за второто место се до последниот спринт најмногу е заради законите на физика, аеродинамика, отпор на воздух и слично. Еве како изгледа кога двајца велосипедисти се надмудруваат кој ќе биде поспор.

Против Шпанија без Бабунски, Попов, Георгиевски и Грнчаров

Македонскиот селектор го објави списокот за првиот квалификациски натпревар за ЕУРО 2016 против Шпанија кој го играме на „Местаља“ на 8. Септември.

Кога спортот не е само игра

Навивачкиот декор на трибините е составен дел од секој фудбалски натпревар. Но меѓу нив има и по некој идиот, како оној кој викендов усмрти камерунски фудбалер. Фудбалот за жал носи жртви и при опасни меѓусебни дуели на терен.

Кој го облекува Дани Алвеш?

Бекот на бразилската фудбалска репрезентација и на Барселона, Даниел Алвеш даваше изјава за клупската телевизија облечен како кловн. Ова не е прв пат Бразилецот да изведува „англиска кралица“.

Манчестер Сити – Ливерпул

Понеделничката понуда изненади со богата фудбалска програма во која ви предлагаме англиско и турско дерби, натпревари од шпанско првенство и прегледи со голови.

Сè уште е за неверување колку Болт е подобар од сите

6 години по експлозијата што ја направи во Пекинг 2008-та, се уште е хипнотизирачки да го гледаш Болт колку многу е подобар од сите останати (кои и сами по себе се одлични спортисти). Последново е од митингот во Варшава, каде истрча 100 метри за 9,98 секунди.

Чекирана картата за Европското првенство

Македонската кошаркарска репрезентација, на коло пред крајот обезбеди пласман на континенталниот шампионат, откако вечерва по втор пат ја совлада Данска, но овој пат многу поубедливо со 80: 46. Тоа ќе биде петто последователно учевство за Македонија на Европските првенства.

Рикардо ја освои Белгија

Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо оствари извонредна победа на трката за Големата награда на патеката Спа Франкошамп, и стигна до третиот триумф оваа сезона во Формула 1.