Кајл Корвер на 3,4 секунди до крајот направи пресврт за предност на Хокси од еден поен и голема шанса за 10-ти триумф по ред, но на кошаркарите на Орландо Меџик тоа време им беше сосема доволно да одговорат со два поени за триумф. Атланта по 24 часа не успеа уште еднаш да слави против истиот противник кој се реваншираше со 100:99. Перо Антиќ и овој дуел го пропушти поради грип.
Ѕвезди на вечерта беа кошаркарите на Голден Стејт кои со победата над Далас од 105:98 стигнаа до 15-то славје по ред. Тимот на Стив Кер е 12-та екипа во НБА лигата која стартува со 20 победи и 2 порази или повеќе, а шест од претходните 11 тимови со таков скор станувале шампиони. Во моментов Вориорс ја имаат најдобрата одбрана со просек 94,6 примени поени по натпревар. По нив се Хјустон со 97,1, Спарси со 98,3, а сите останатите примаат просечно над 99 поени.
Двајт Хауард за 22 минути постигна дабл дабл учинок на победата на Хјустон над Денвер од 108:96 и стана третиот најмлад играч заедно со легендарните Вилт Чембрлен и Бил Расел кои стигнале до 10.000 скокови. На овоj натпревар Џејмс Харден стигна до третиот трипл дабл во кариерата
Трипл даблот на Харден
Лажните очи на Заза
Израмнувањето на Мемфис за продолженија
Потегот на Тони Вротен
РЕЗУЛТАТИ:
Филаделфија – Мемфис 115-120 (по продолженија)
Орландо – Атланта 100-99
Далас – Голден стејт 98-105
Шарлот – Бруклин 87-114
Индијана – Портланд 85-95
Милвоки – ЛА клиперс 111-106
Хјустон – Денвер 108-96
Сакраменто – Детроит 90-95