Михајловиќ е единствениот фудбалер кој успеал на еден натпревар да постигне три голови од слободен удар, а тоа се случи пред точно 16 години или поточно на 13 декември 1998 година. Од тогаш кога тој се местеше да бие од прекин, на голманите им се тресеа гаќите.
Лацио ја пречека Сампдорија пред 50.000 навивачи, а пред мечот Роберто Манчини доби признание за одиграни 500 натпревари во Серија А. Но ѕвезда на денот беше столбот на одбраната кој во 29, 45 и 52 минута го потопи својот поранешен тим.
Бјанкочелестите славеа со 5:2. Двата гола за Самподорија ги постигна Палмиери од пенал во 38 и 55 минута, а Станковиќ и Салас го дотолчија противникот во 83 и 92 минута.
Синиша Михајловиќ кој во моментов е тренер на Сампдорија се уште е рекордер по постигнати голови од слободен удар во Серија А со 28 погодоци, а само еден помалку од него има Андреа Пирло.