Зошто Јунајтед - Ливерпул не е епицентарот на англискиот фудбал

Во недела на Олд Трафорд ќе се игра најголемиот натпревар на Островот, епитет со кој според истрагата на Телеграф не се согласуваат фактите и статистиките.

Манчестер Јунајтед и Ливерпул во последно време можеби не играат како што се очекува од нив, но ако ги посетите двата града, таму ќе слушнете дека во недела ќе се игра најголемиот натпревар во календарот. Од една страна, ова дерби има сè. Историја, страст, ривалство, традиција, трофеи. Новинарите одат и подалеку, па го цитираат Сер Алекс Фергусон од неговата биографија.

„Им го чувствував здивот по вратот и на 30 метри од нив (навивачите на Ливерпул). Никаде не сум се ежел така како на Енфилд Роуд против Ливерпул", напиша Ферги во биографијата.

Но дали дербито Манчестер - Ливерпул навистина е најголемо и кои се параметрите кои (не) го докажуваат тоа.

„Го тргнавме медалот од вашиот врат", пишуваше на знамето кое навивачите на Јунајтед го извадија во 2011. година, кога славеа нова титула, 19-та со која ги надминаа 18-те на Ливерпул. А знамето го држеше 30-годишен човек, кој не памети голем број од трофеите на Јунајтед освоени во првата половина од 20 век. Оттука се поставува прашањето, дали е исправно навивачите да си ги припишуваат трофеите освоени пред повеќе децении наназад. Во моментов двата клуба имаат вкупно 38 титули во Премиер лигата. Манчестер Јунајтед има 20, а Ливерпул 18.

Телеграф направи табела, на која со три бода ги наградува трофеите освоени во Лигата на шампионите, два бода за титула во Премиер лигата и еден поен за освоен домашен куп. И сето тоа пресметано по Втората светска војна и 1945. година. Како и да се погледне табелата, за повеќе од 70 години, шоуто во англискиот фудбал го прават два клуб, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Сепак, според табелата на лигашките места од 1947. година, Манчестер и Ливерпул многу ретко биле еден до друг на крајот од сезоната. Според тоа, кога Ливерпул бил добар, Манчестер не бил, и обратно. На времето, претседателот на Ливерпул Т.В. Вилијамс го поставил тренерот на Хадерсфилд Бил Шенкли за нов тренер на црвените и го прашал „Бил, сакаш ли да бидеш тренер на најдобриот тим во земјата"? на што Шенкли одговорил „Зошто? Да не умрел Мет Базби (тренер на славниот Јунајтед)?"

Кога сме кај лигашката табела, 6 пати Арсенал и Манчестер Јунајтед биле прва и втора екипа на крајот од сезоната. 5 пати биле Челси и Манчестер Јунајтед, како и Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

 

„Што и да кажат другите, за мене е најголемо дерби на светот, затоа што играат двата најтрофејни клуба во најдобрата лига на светот. Не сум пристрасен кога го велам ова. Можеби Барса и Мадрид се близу нас, но за мене ова дерби е сè уште единствено", изјави Џерард минатата година пред дербито со Јунајтед на Трафорд.

Горнава табела прикажува каде бил Јунајтед, а каде Ливерпул на табелата од 1947. па до 2007. година. За сите 32 титули на Јунајтед и Ливерпул од 1945. година па до денес, само 5 пати едниот бил прв, а другиот втор. Според овој параметар, Арсенал - Манчестер Јунајтед не е најголемото дерби на Островот.

Телеграф прави анализа и за завршницата на ФА и Лига купот во Англија од Втората светска војна досега. Логично е, најдобрите екипи од првенството да играат и завршница на Купот. Сепак, Манчестер и Ливерпул од 1945. година, само 6 пати играле во едно 1/4 финале, 1/2 финале или финале на Купот. Најмногу меѓусебни дуели во завршницата, вкупно 9 имаат Арсенал и Челси. Ливерпул и Јунајтед дури до 1977. година не играле меѓусебно финале на Купот.

Според истражувањето на Deloitte Football Money League 2014, Јунајтед и Ливерпул се далеку и еден од друг на табелата за најскапи фудбалери во својот состав. Вредноста на Манчестер изнесува 400 милиони фунти, а оној на Ливерпул вреди близу 300 милиони фунти.

Според параметарот за навивачи, Ливерпул има светска база од 580 милиони навивачи, а Јунајтед има 659 милиони. Тоа значи дека 17,3 % од светската популација навива или за Манчестер Јунајтед или за Ливерпул. Доказ за тоа се и лајковите на социјалните мрежи, каде Манчестер води со повеќе од 60%, а Ливерпул има околу 25% лајкуваност.

Во секој случај, фудбалот не е игра на бројки, фунти, статистики од Википедија или Фејсбук лајкови. Фудбалот е игра на емоции, така што ако сте навивач на Ливерпул или Манчестер Јунајтед и ако во недела одите на Олд Трафорд, тоа за вас ќе биде најголемо дерби на универзумот.