Карл-Хајнц Ридле, човекот што како играч на Дортмунд му даде 2 гола на Јувентус во легендарното финале денес ги извлече двата тима на ждрепката во Нион.
Старата дама и Дортмунд имаат 7 меѓусебни дуели, а последниот од финалето на ЛШ го добија „милионерите" 3:1. Првиот натпревар Јувентус ќе го игра на домашен терен, на 17. или 18. март, а реваншот ќе се игра 2 недели подоцна во Дортмунд. Дуелот ќе го одбележи Чиро Имобиле, детето на Јувентус, кој преку Торино замина на Сигнал Идуна Арената во Дортмунд.
Екипата предводена од Јирген Клоп играше во финалето на ЛШ во 2013. година и загуби од Баерн Минхен. Дортмунд во моментов е трет од позади во Бундес лигата, а во ЛШ беше прв во група со Арсенал, Андерлехт и Галатасарај.
„Овој пат нема жалење. Ждрепката можеше да ни донесе и потежок противник. Мора да се одмаздиме за поразот во финалето од 1997!", напиша Алегри на Твитер веднаш по извлекувањето во Нион.
Јувентус и Дортмунд играа 7 пати меѓу себе, 4 пати во Купот на Уефа и 3 пати во Лигата на шампионите. Билансот е 4 победи за црно-белите, 1 реми и 2 триумфи за жолто-црните. Последниот, воедно и најважен дуел го доби Дортмунд кога ја освои ЛШ во финалето во Берлин 1997. година. Во Берлин ќе се игра и финалето на оваа сезона, следната година во мај.
„Лесно поминавме? Па не е баш лесно, но можеше да биде многу потешко. Во истиот шешир беа уште и Баерн Минхен и Реал, по што ја посакувавме Борусија Дортмунд за противник. Може да играме со нив отворен фудбал и верувам дека двата натпревари ќе бидат израмнети. Мислам дека може да одиме понатаму", изјави Павел Недвед, спортскиот директор на Јувентус.
Со головите на Ридле (2) и Ларс Рикен, екипата од Вестфален го совлада Јуве, кој намали со петицата на Дел Пиеро. Четири години пред тоа финале, Јуве и Дортмунд играа во финалето на Купот на Уефа кога се играа два натпревари. Јувентус славеше 3:1 на Вестфален (Дино Баџо еден и Роберто Баџо два гола) и во реваншот 3:0 со двата гола на Дино Баџо и едниот на Андреас Мелер.
На последните 8 натпревари на домашен терен против германските клубови, Јувентус има 4 победи и 4 порази. На гости, црно-белите победија само еднаш на последните 7 средби и загубија 4 пати.
Играчи што играа и за Јувентус и за Борусија Дортмунд: Жулио Цезар, Стефан Ројтер, Јирген Колер, Андреас Мелер, Пауло Соуса и Чиро Имобиле.