По денешната ждрепка за 1/8 финалето на ЛШ каде за противник го добија Дортмунд, спортскиот директор на Јувентус, Павел Недвед изјави дека е презадоволен, затоа што можеле да поминат многу полошо. Тренерот Масимилијано Алегри верува дека Јуве може да го одмазди поразот во финалето против Германците пред 18 години.