9-10. Алекс Сандро (2015 година од Порто) - 26 милиони евра
Ги оправда ли парите? Да. Иако конкурент за местото му е Патрис Евра, Алекс Сандро е 10 години помлад и неговото време претсои.
9-10. Марко Ди Вајо (2002 година од Парма) - 26 милиони евра
Ги оправда ли парите? Не. Во Торино Ди Вајо не продолжи да дава голови како во Парма, не стана стандарден првотимец и после две сезони го продадоа во Валенсија за 10 милиони.
8. Диего (2009 од Вердер) - 27 милиони евра
Ги оправда ли парите? Не. Суперѕвездата на Бундеслигата не заигра на нивото потребно за Серија А и се врати во Германија, само во Волфсбург, не во Вердер. Јуве на неговата зделка загуби повеќе од 10 милиони евра. Бразилецот пред некој ден потпиша со Фламенго во татковината.
7. Емерсон (2004 од Рома) - 28 милиони евра
Ги оправда ли парите? Тешко е да се каже. Бразилецот на Деле Алпи мина 2 сезони, освои две скудета, но клубот не сакаше да го задржи. Јуве испадна во Серија Б, а Емерсон замина во Реал Мадрид за 16 милиони евра.
5-6. Миралем Пјаниќ (2016, од Рома) - 32 милиони евра
Босанско-херцеговскиот репрезентативец дојде летово од Рим, така што за него е рано да се кажува. Јасно е само дека Јуве го ослабна конкурентот за титулата.
5-6. Пауло Дибала (2015, од Палермо) - 32 милиони евра
Ги оправда ли парите? И тоа како. Аргентинецот постигна 19 голови со 9 асистенции во првата сезона во дресот на Јувентус и со Игуаин би требало да го сочинуваат пеколниот тандем од следната сезона.
4. Павел Недвед (2001 година, од Лацио) - 41,2 милиони
Ги оправда ли парите? Апсолутно. Чехот помина во Јуве цели 8 одлични сезони, играше со екипата во Серија Б, освои Златна топка како најдобар играч на светот, стана легенда на клубот и веќе неколку години е потпретседател.
3. Лилиан Турам (2001 година, од Парма) - 41,5 милиони евра
Ги оправда ли парите? Да. Французинот ден денес е најомилен играч меѓу навивачите на Јувентус. Со „Бјанконерите" освои две легални првенства и две нелегални кои му ги одземаа на Јувентус. Играше стопер со Фабио Канаваро, но наместо во Серија Б на крајот се одлучи за Барселона.
Џиџи Буфон (2001 година, од Парма) - 52,88 милиони евра
Ги оправда ли парите? Вие што мислите?
1. Гонзало Игуаин (2016 година, од Наполи) - 90 милиони евра
Ќе ги оправда ли парите? 90 милиони за 28-годишен играч во Италија беше исклучително незамислива сума, така што Игуаин ќе има голем товар и не многу време да ги оправда парите.