Фудбалерите на Јувентус вечерва нешто не беа во елемент против Порто. Одбраната киксираше по само 60 секунди и примија гол, а Алекс Сандро му се постави многу тромаво на Роналдо со што го изведоа најкомичниот потег на вечерта.
Бразилскиот репрезентативен лев бек Алекс Сандро важи за еден од поскромните фудбалски ѕвезди на денешницата. Заработува пари за генерации и генерации, ама никогаш не заборава од каде потекнува.
На таа силна одбрана составена од звучни имиња како Кјелини и Бонучи, како и претходно бековите Лихштајнер и Дани Алвеш, некако како да не можеше толку да се истакне Алекс Сандро. Инаку дефинитивно се работи за многу важно парче во мозаикот на Алегри.
Јувентус во последните две години потрошил вкупно 293,1 милиони евра на трансфери со што е најголем трошаџија во светот во претходните 24 месеци, пред Сити, Јунајтед, Атлетико и Ливерпул.