Бекот на Јувентус кој зема 2,8 милиони евра годишно, а се срами кога ќе потроши 400 евра

Бразилскиот репрезентативен лев бек Алекс Сандро важи за еден од поскромните фудбалски ѕвезди на денешницата. Заработува пари за генерации и генерации, ама никогаш не заборава од каде потекнува.

Паузата за репрезентативен фудбал секогаш им дава шанса на домашните новинари да позборуваат со своите репрезентативци кои се враќаат од странство.

Таков е и случајот со Алекс Сандро кој му дал прилично долго интервју на бразилскиот новинар Рајам Сантос од ESPN. Фантастичниот лев бек зборува за се, за своето детство, за фудбалот, за животот во Торино, за сиромаштијата во неговите родни краиште...

ДРУГАРИТЕ СЕ ДРОГИРАА

„Во мојаа населба не беше баш добро да се расте. Многу мои врсници се во затвор, други тргнаа по најопасниот пат на дрогата. Се сеќавам пример кога одевме да играме фудбал на игралиште, кога имав 12 години и некои мои другари пред да играме пушеа марихуана или шмркаа кокаин. Не се шегувам воопшто, сите стоеа до мене. За среќа мојата фамилија и најблисктие другари секогаш ме држеа на правата страна од животот“, почнува Алекс Сандро.

Во таков амбиент децата во Јужна Америка имаат 2 избора: или да тренираат фудбал или улицата да ги воспитува.

Алекс Сандро имал среќа што почнал да тренира фудбал во голем клуб каков што е Атлетико Параненсе.

„Кога влегов во младинските категории на Атлетико Паранансе, имав 15 години и веќе заработував по 100 долари месечно. Клубот ми овозможуваше се на располагање: сместување, храна, превоз и школување, така што од тие пари трошев 50 а другите ги штедев. Првиот голем успех благодарение на фудбалот беше кога заштедив 300 долари и им ги дадов на моите. Ги искористија за да ја искречат фасадата во нашата куќа. Можев да си купам што било, но во тој момент морав да ги помогнам моите.

МЕ ЈАДЕ ГРИЖА НА СОВЕСТ КОГА ЌЕ ПОТРОШАМ МНОГУ ПАРИ ВО ЕДНА ВЕЧЕР

Многу пати дури и ден денес, излегувам со семејството и се случува да потрошам до 300-400 евра во една вечер. После прашувам колку е тоа во бразилски реали и кога ќе ми кажат, чувствувам грижа на совест што сум потрошил толку многу пари за една вечер“, искрено признава врвниот Бразилец.

Од Атлетико Парананесе преминал во Депортиво Малдонадо во Уругвај, клуб воден од сомнителен фонд зад кој стојат менаџери. Кариерата Алекс Сандро ја продолжи во Сантос, клуб за кој вели дека ден-денес навива многу и клуб кој му овозможил да заигра со играчи каков што е Нејмар.

Во Европа пристигна првпат во Португалија. Потпиша договор со Порто кој го лансираше на голема сцена. „Во Порто невеорјатно многу ми помогна Лучо Гонзалес, прав лидер на и надвор од теренот. Од него научив многу за животот“.

На прашањето кој му бил најтежок противник во кариерата за чување, Алекс Сандро без двоумење вели:

„Еднаш во Португалија со Порто во Лига на шампиони игравме против Шахтјор Донетцк. Знаете како се вика најтешкиот играч што сум го чувал? Го познавате добро: Даглас Коста“.

ЗНАМ ЗОШТО ВО ТОРИНО НЕМАЛО ТОЛКУ МНОГУ БРАЗИЛЦИ КОИ ОСТАНАЛЕ ПОДОЛГО

„Торино е малку потежок град за живот за Бразилец, затоа што има малку варијанти за забава. За работа е совршен град, зошто нема одвлекување на вниманието. Животот овде ми е тренинг, дома, тренинг и по некој пат на вечера. Одвреме-навреме во слободни денвои посетувам блиски градови.

Во Торино сигурно има забавни места, ама ги знаат оние кои се од тука, кои живеат тука, а за туристи може да биде досадно. Токму затоа мислам дека и нема многу Бразилци кои долго се задржале во Јувентус во минатото. Торино го нема истото доживување како Рим и Милано. Менталитетот тука е подруг, некако попрактичен.

ВО ЈУВЕ ИМА НАЈТЕШКИ ТРЕНИНЗИ НА СВЕТОТ

„Во секоја екипа тренинзите се напорни, ама во Јуве се најтешки. Првите месеци се многу тешки додека играч се навикне. Се сеќавам, кога дојдов од Порто, првите два месеци ми беше многу тешко. Нозете ме болеа цело време, им викам дека тренинзите ми се многу напорни, ама ги повторував секој ден и се навикнав. Се борев секој ден и на крај се навикнав. Се случува секогаш, некој да дојде, да се жали дека е многу тешко, ама после се навикнува и се забавува со нас. Можеби и овој начин на тренинг ги оддалечил Бразилците кои не секогаш се навикнати на надчовечки напори. Организација каква што има во Јувентус не може да се види на друго место. Навивачите го гледаат само теренот, но има огромна позадина која води сметка за сè“.

МОДЕЛ НА ФАМИЛИЈА

Алекс Сандро како што има модели на теренот (Роберто Карлос, Ешли Кол и Патрис Евра), таков сака да биде и дома.

„Секогаш сакам да бидам пример за ќерка ми. Тоа што го чувствував кога првпат ја зедов во прегратка не се објаснува не се споредува со ништо. Ниту кога со раце би го држел пехарот за Светско првенство. Никогаш не ги заборавам моите корени, ако трошам повеќе чувствувам грижа на совест. Моето семејство стално ми вика да не размислувам на тоа, но добро се чуствувам само кога им помагам на другите. Во иднина сакам да основам здружение кое во мојот роден град ќе им помага на дечињаа. Не само преку фудбалот, туку и преку начин на образование“, констатира Алекс Сандро кој сезонава одново ќе ја напаѓа Лигата на шампионите со својот Јувентус.

13 септември 2019 - 14:51