Срамно однесување на Павел Недвед на пријателски натпревар

На ревијалниот дуел „Натпревар на срцето“ кој има хуманитарен карактер играа екипи составени од познати пејачи и поранешни фудбалери. Се скараа Недвед и раперот Морено, а се вмеша и Ерос Рамацоти.

На Јувентус Стадионот вчера се одигра 24. издание на Натпревар за срцето во организација на фондацијата Телетон. Дека натпреварот воопшто нема да биде пријателски се виде од самиот старт, кога актерите се скараа.
 
Од една страна Дел Пјеро и Недвед, а од друга страна раперот Морено и пејачот Лука Барбароса. Токму Морено, откако маестрално го дрибна Недвед, беше остро фаулиран од Чехот. Наместо да се извини за грубиот старт, добитникот на Златната топка во 2003. година продолжи да се расправа со противничките играчи.
 

Натпреварот продолжи неспортски, а неколку соиграчи на Морено бараа од судијата Розети да интервенира. Најгласни беа Ерос Рамацоти, Барбароса и Енрико Руџери кој на крајот изјави:
„Ова е натпревар од солидарен карактер и таков карактер треба да има на теренот. Навистина несфатливо е како еден фудбалер од калибарот на Недвед може да направи такво нешто. Ако еднаш си шампион, секогаш си шампион“, нервозно изјави Руџери.
Павел Недвед не коментираше ништо после натпреварот, но сигурно е дека фрли дамка на неговиот статус во Италија.