Лејкерс го срушија шампионoт, Атланта незaпирливa

Кошаркарите на Атланта Хокс ја забележаа и 9-та победа по ред, откако синоќа го совладаа Орландо 87:81. Лејкерс до седмата победа стигна после продолженијата против Сан Антонио Спарс 112:110.

Залудни беа 41 кош и по 5 скокови и асистенции на Леброн Џејмс, затоа што Кливленд загуби од Њу Орлеанс 119:114. Леброн кој се врати по еден пропуштен натпревар имаше поддршка и од Кевин Лав, кој уфрли 21 кош и 7 скока, но недоволно да се сопре нападот на Њу Орлеанс, во кој доминираа Тајрик Еванс и Рајан Андерсон кои заедно дадоа 61 поен (31-30). Најдобриот играч на Њу Орлеанс сезонава, Ентони Дејвис се повреди во првиот квартал, по што не се врати во игра до крајот.

Атланта на Антиќ игра најдобра сезона во последните 17 години. Јастребите утринава стигнаа до 9. триумф во серија, а нивен плен беше Орландо Меџик 87:81. Хокси сега имаат учинок 16-6 и го делат првото место на Истокот со Вашингон. Антиќ не влегуваше во игра поради настинка, а победата на тимот од Филипс Арената му ја донесоа Пол Милсап со 23 и Ал Хорфорд со 17 коша. Виктор Оладипосо 21 поен  беше најефикасен кај Магичните кои во третиот период имаа 13 поени предност. Истите екипи ќе се сретнат повторно утре вечер.

ЛА Лејкерс го направија најголемото изненадување со триумфот над шампионт СА Спарс после продолженијата 112:110. Младиот Ник Јанг уфрли 29 коша (6-9 за три) и беше најзаслужен за седмата победа на езерџиите сезонава. Коби Брајант имаше 22 коша и 9 асистенции и сега му фалат само 8 коша да го стигне Мајкл Џордан на вечната поентерска листа.

Јанг од 9 метри преку Џинобили на 9 секунди пред крајот од продолжението за победа

Прв пат по 2012. година, Дерик Роуз имаше 30 или повеќе поени и на тој начин му донесе славје на Чикаго против Портланд 115:106. Роуз и Лилард имаа пресметка кој ќе даде повеќе коша, а бекот на Блејзерс мечот го заврши со 35 поени.

Симултанката на Дамјан Лилард од Портланд

Индијана загуби 106:94 од Торонто Репторс, но потегот на вечерта го имаше Соломон Хил, кој го залепи за постер Патрик Патерсон

Двејн Вејд постигна сезонава највисоки 29 коша и 7 асистенции во победата на неговиот Мајами против Јута на гости 100:95.

Мемфис после второто продолжение го скршија отпорот на Шарлот Хорнетс 113:107. Кај Хорнетси доминираше Кемба Вокер со 28 поени и 7 асистенции, но ветеранот Винс Картер уфрли тројка за ново продолжение, во кое најмногу се истакна Мајкл Конли. Зак Рендолф со 20 коша беше прв стрелец кај Мемфис, а Марк Гасол имаше 2 поени помалку.

Вашингтон Визардс го добија ЛА Клиперс 104:96, а „послкиот хамер“ Марцин Гортат забиваше преку Грифин

Резултати НБА, 12. декември:
Чикаго – Портланд 115:106
Вашингтон – ЛА Клиперс 104:96
Атланта – Орландо 87:81
Бостон – Њујорк 95:101
Бруклин – Филаделфија 88:70
Торонто – Индијана 106:94
Мемфис – Шарлот 113:104 (после две продолженија)
Минесота – Оклахома 92:111
Њу Орлеанс – Кливленд 119:114
Феникс – Детроит 103:105
Јута – Мајами 95:100
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 110:112 (после продолжение)