По слабата сезона лани, „езерџиите“ играат уште побледа година и на 22 натпревари имаат 16 порази и 6 победи. Фрустриран од незалагањето на колегите од екипата, Коби Брајант ги нападна сите играчи, па и генералниот менаџер на клубот, Мич Капчек.
Новинарот на Лос Анџелес тајмс на својот Твитер профил постираше што се случува во тренинг салата на Лејкерс.
„Коби беше многу незадоволен од интензитетот на тренингот. Викаше дека сега гледа зошто изгубиле толку натпревари и дека се меки како Шармин (тоалетна хартија). Кога го напушти тренингот му свика и на генералниот менаџер Капчек дека „идиотите не работат ништо“.
По тренингот, во изјава за медиумите Коби го правдаше своето однесување.
„Тоа сум што сум. Не знам дали моето однесување ќе му помогне на тимот или не, но чувствував потреба да им ставам до знаење што мислам. Ова беше тежок и напорен тренинг. Некогаш вака се тренираше секој ден, а мене ми недостасува тоа време“, констатираше Брајант.
Во следното коло, ЛА Лејкерс играат против Сан Антонио, во натпревар во кој Спарси се апсолутни фаворити не само поради формата, туку и поради позицијата на Источната конференција.