Првиот стрелец на ПСЖ кој ја ужива популарноста во Париз се вселил во луксузен стан кој се простира на три нивоа во близина на Палатата Шарл де Гол, има 600 квадрати и чини 30.000 евра месечна кирија.
Францускиот лист Паризиен пишува дека сумата од 30.000 евра месечно е ситна за фудбалерот кој годинава заработи 15 милиони евра од договор со клубот и од спонзорите. Откако му заврши договорот со Најк, Златан наскоро би требало да потпише договор за рекламирање на спортска опрема и според Паризиен, новиот договор ќе му донесе дополнителни 10 милиони евра.
Ибрахимовиќ е оженет за Швеѓанката Хелена Сегер со која има два сина, Максимилијан 8 години и Винсент 6 години. Летниот период го минува во шведскиот град Малме, каде поседува куќа и стан, а минатата година во Париз изјави дека ако не најде адекватен стан, ќе купи хотел.
По паузата од 4 недели поради повреда на петица, Златан се врати на теренот на 11. ноември. Сезонава на 13 средби постигна 12 голови, а лани со 32 погодоци беше прв стрелец во француската лига.