Offside

На само 21-годишна возраст, Еспозито се наметнува како светла иднина во националниот тим. Младиот напаѓач на Интер ги напаѓа историските рекорди на италијанскиот фудбал.

Кога маскотата ќе се степа со своите навивачи

При прославата на вториот гол на Ердинген, еден навивач му ја извадил главата на слончето маскота, по што човекот што ја носел го нападнал.

Страста на Јирген Клоп за Мајнц

Мајнц е првата тренерска љубов на Клоп, а ги водеше од 2001 до 2008 година. Ги однесе за прв пат во Бундеслигата и во квалификациите на Купот на УЕФА, а скорот му е 109 победи, 78 нерешени и 83 порази. На дуелот против Хофенхајм кој го доби Мајнц со 3:1, скокаше на сите голови.

После 11 години во кома, сонот е ист, да се гледа Роже Федерер

29-годишниот Шпанец како помлад собирал пари да оди на Вимблдон и да го гледа својот идол. Сообраќајната несреќа го спречила во тоа, но после 11 години во кома, верува дека ќе може да го оствари својот сон.

Сеир на сметка на Јувентус

Загубија дома од Удинезе, па на гости од Рома, а потоа во трето коло ремизираа со Киево. Том им се искина од смеење кога виде каде се на табела.

Феноменот полни 39

На клупски план постигна 298 гола, а за Бразил на 98 настапи даде 62 гола. Од Меси и Кристијано, до Зидан и Златан, сите велат дека таков Феномен не се родил.

За 26 години, работев само со 4 играчи од светска класа

Поранешниот тренер на Јунатед вели дека во еден момент сакал да го ангажира Марио Балотели но сфатил колкав ризик е, а капак на сè било кога Мино Раиола стапил на сцена на првиот состанок.

Мајкл Џордан и Коби Брајант играат исто?

Темата за тоа кој е подобар за повеќето сладокусци на НБА е завршена работа веќе одамна, а тезата дека Коби го имитираше Џордан беше исто многу актуелна. Некој седнал на монтажа тоа и да го докаже.

Кога акцијата вреди повеќе од голот

На фудбалерите на Банфилд од Аргентина мора да им се даде некаква награда за голов, ама мора. Инаку стрелец на голот е Џовани, синот на Диего Симеоне кој има 20 години.

Стадионот со кој си поигра кумот

Стадионите Џузепе Меаца и Сантијано Бернабеу се крстени по легендите на Интер и Реал, а Арсенал игра на Емирати поради спонзорскиот договор кој го направи со авионската компанија. Исто постапи и еден шкотски второлигаш, но и не е баш исто.

Во Словачка Бразилците со лежење даваат голови

Само што ќе го наречете тромав или глумец, напаѓачот на Жилина, Вилијам Алвес де Оливеира ќе ве демантира и ќе направи нешто необично за фудбалот кое тешко дека ќе се повтори на ист ваков начин.

Голманските тајни на Ла Коруња

Македонските спортски (ракометни, фудбалски, ватерполо) тренери на голманите би можеле да украдат некој тренинг од Депортиво Ла Коруња.

Страната на Камп Ноу која не му лежи на Меси

Ѕвездата на Барселона и покрај тоа што е четири пати прогласуван за најдобар играч на планетата, тој до сега има промашено 23% од пеналите кои ги изведувал за својот тим. Малер му носи голот до северната трибина.

Непобедливите во Европа

Челси е на 15-то место со 8 бода зад Сити и 6 зад Јунајтед, Јуве 13-ти со само една победа, а Севиља е на дното на табелата без ниту една победа. Изненадување на стартот е Абердин.

Најсериозни кандидати за фудбалски Оскар

Конкуренцијата е израмнета до таа мера што навистина не знаеме кој најдобро глуми. Некој се фрла како риба на суво, а некој решил да се витка како куршум да го погодил. Воглавном сите прават будали од себе.

Смртни закани за судијата на мечот Хајдук - Динамо З.

Судијата Бруно Мариќ од хрватскиот град Дарувар бил во полиција да даде изјава, откако на мобилниот постојано му стигнувале смртни закани по мечот Хајдук - Динамо З. каде свирна пенал за гостите во 93-та минута.

Тинејџер ја спаси Рома од пораз против Фоџа

Вака гласеа дел од насловите во италијанските спортски весници кои излегоа на 5 септември 1994 година. Франческо Тоти на 17 години ја најави својата импресивна историја во Рим која брои над 1000 часа фудбал и јубилејни 300 голови во ист дрес. 17 тренери се сменија во неговата ера.

Валбуена е Јуда и затоа го бесиме на Велодром

Дербито Марсеј - Лион синоќа беше прекинато во 61-та минута кога кулиминираше бесот на домашните навивачи кон играчот кој 8 години играше за нив, а летово потпиша за лутиот ривал Лион.

Хорор тунелот под Маракана

Тунелот кој води од соблекувалните до теренот на стадионот на Црвена звезда е кошмар за противничките екипи. Видеото е снимено пред почетокот на белградското дерби одиграно пред 10 дена.

Чудни се фудбалските патишта

Нигериецот Чума Анене до скоро беше еден од подобрите фудбалери по македонските ливади, а вчера го скроти големиот Зенит. По трансферот од Работнички во Амкар, Анене го постигна првиот гол во Русија против гигантот Зенит и тоа на дебито за новата екипа. Мечот заврши 1-1.

Наполи даде 10 гола за 4 дена

Фудбалерите на Наполи во четвртокот го совладаа Клуб Бриж 5:0 и тоа им беше највисока победа во Европа во клупската историја. Во неделата го победија Лацио 5:0 и на тој начин ја остварија најубедливата победа на еден тим во Серија А од 2007. година.

Кој вика Дортмунд не може без Клоп?

Под водство на новиот тренер Томас Тухел, Борусија Дортмунд на 11 натпревари сезонава има 11 победи, 39 дадени голови и само 9 примени.

Шпанија првак на Европа, Гасол држеше предавање

Кошаркарите на Шпанија ја декласираа Литванија во финалето на Евробаскетот 2015 и по трет пат се качија на кровот на Европа. Пау Гасол МВП на првенството.