Наполи даде 10 гола за 4 дена

Фудбалерите на Наполи во четвртокот го совладаа Клуб Бриж 5:0 и тоа им беше највисока победа во Европа во клупската историја. Во неделата го победија Лацио 5:0 и на тој начин ја остварија најубедливата победа на еден тим во Серија А од 2007. година.

Дури 7 различни фудбалери на Наполи даваа гол или повеќе на само два натпревари. Мрежите на Бриж и Лацио ги тресеа Хамшик, Алан, Габиадини, Инсиње, Каљехон 2, Мертенс 2, Игуаин 2. Од друга страна, Лацио прими 12 голови, а не даде ниту еден на 3 гостувања во период од 20-ина дена (Леверкузен 3:0, Киево 4:0, Наполи 5:0).

Дополнително поразителен податок за навивачите на Лацио е и што Гонзало Игуаин посебно им се намерачи и дури 10 од неговите вкупно 40 голови во Серија ги постигна против римскиот клуб. Аргентинецот против Лацио гаѓаше прецизно на: 02.12.2013 - 2 гола, 12.04.2014 - 3 гола, 18.01.2015 - 1 гол, 31.05.2015 - 2 гола, 20.09.2015 - 2 гола. Мала утеха за Лацијалите е што Игуаин го промаши можеби најважниот пенал, кога во финишот на минатата сезона при резултат 2:2 шутираше над голот во меч кој одлучуваше кој ќе игра квалификации за ЛШ. На крајот Лацио славеше 2:4.

Наполи - Клуб Бриж 5:0 (четврток)

Наполи - Лацио 5:0 (недела)

20 септември 2015 - 23:04