По доаѓањето од Бразил во Европа, заигра за ПСВ Ајндховен каде постигна 42 гола кои беа препорака за поголемите европски клубови.
Повредата на коленото го спречи да пружи максимум во финалето на Мундијалот 1998-ма во Франција, кога Французите славеа 3:0. Феноменот не се предаде и го освои Светското злато четири години подоцна во Јапонија и Јужна Кореја. Со неговите два гола, Кариоките ја победија Германија.
Во 2011 година, на мечот Бразил - Романија, Роналдо за последен пат одигра за репрезентацијата. Краток документарец од неговиот проштален меч:
Неверојатниот гол против Компостела:
Мајсториите во Интер:
За него изјавија:
Идол ми е. Апсолутно најдобриот фудбалер со кој сум играл.
(Зинедин Зидан)
Најдобар е на сите времиња.
(Лионел Меси)
Ако Роналдо тргне и те помине, не ти останува ништо освен да пукаш.
(Даниеле Адани)
Сакам да бидам како Роналдо.
(Кристијано Роналдо)
Никогаш нема да има подобар играч од мене.
(Златан Ибрахимовиќ)
Роналдо е фудбалски маестро.
(Диего Армандо Марадона)