Ако треба да го барате името на најсмешниот стадион во моментов во светот нема потреба да го барате. Се вика Тони Макарони и е новоименуваниот стадион на шкотскиот второлигаш Ливингствон.
Историјата на стадионот е од 1995 година кога на почеток го викале Градски стадион, исто како нашиот пред да го крстат Филип Втори. Потоа како се ределе спонзорските договори, така секој имал право да го прекрстува.
Се викал West Lothian Courier Stadium, па Аlmondvale Stadium, потоа Braidwood Motor Company Stadium и на крај The Energy Assets Arena.
Откако познатиот ланец на ресторани Тони Макарони стана спонзор на клубот, доби право истото име да му го залепи и на домот на Ливингстон. Сега на шкотските таксисти кога ќе им каже некој: „Вози ме до Тони Макарони“, треба да му посочи дали оди на јадење или да гледа фудбал.
Капацитетот му е 9.521 седишта, а рекордна посетеност е забележана на дуелот против Глазгов Ренџерс кога влегле 10.112 навивачи.
Сеирот за Тони Макарони го имате на Твитер.