И покрај тоа што викендов Барса славеше против Леванте со 4:1, а Меси даде два гола, сепак тој не може до крај да ужива во победата, особено не ако ги отвори весниците кои повеќе му даваат важност на промашениот пенал отколку на неговите голови.
Тие пресметаа дека од досегашните 65 изведени удари од белата точка за Барселона, Меси промашил 15, што за играч од негова класа тоа се премногу промашувања.
Статистиката вели дека од белата точка Меси најмногу погрешил пред своја публика и тоа во 10 наврати, а 9 од тие промашувања му се кога изведувал на голот кој се наоѓа до северрната трибина на Камп Ноу. Единствениот кој го утнал на југот е оној против Панатионаикос.
Серијата на утки од 11 метри му почна против Виљареал во сезоната 2007/2008 кога Диего Лопез му фати топка на малерозната северна страна на Камп Ноу. После тоа, на истиот гол промаши пенали против Бенидорм, Рекреатив, Севиља, Челси, два пати против Атлетико, Бетис и Леванте.