Тинејџер ја спаси Рома од пораз против Фоџа

Вака гласеа дел од насловите во италијанските спортски весници кои излегоа на 5 септември 1994 година. Франческо Тоти на 17 години ја најави својата импресивна историја во Рим која брои над 1000 часа фудбал и јубилејни 300 голови во ист дрес. 17 тренери се сменија во неговата ера.

По три години во младинскиот тим, Тоти дебитираше во Серија А на 16 години кога Вујадин Бошков го пушти на гостувањето против Бреша 0:2 на 28 март 1993 година. Следната сезона Карло Мацоне му даваше поголема минутажа и една година по деби голот стана првотимец.

Џалоросите од 93-та до 96-та два пати беа петти во Серија А, а тоа беше недоволно за претседателот Франко Сенси кој Мацоне го замени со Карлос Бјанки, победник на Интерконтиненталниот куп со Велез против Милан во 94-та.

Аргентинскиот стратег не сметал Тоти, па дури сакал и да го трампа за Литманен од Ајакс, но не му дозволиле и во 20 коло го отпуштиле. Следен на кормилото седнал Нилс Лајдхолм се до крајот на ужасната сезона на Рома која завршила на само 4 бода од испаднатиот Каљари.

Сенси потоа му дава шанса на Зденек Земан кој од новинарите добива прашање: Кои се најдобрите 5 италијански фудбалери? Боемот одговорил: Тоти, Тоти, Тоти, Тоти, Тоти. Со него му тргнува, едната сезона дава 13, а следната 14 голови и станува капитен на 22 години со 10-та на грбот. Дебитира и за репрезентација во Удине против Швајцарија на 10 октомври 98-ма.

Франческо Тоти за 23 сезони на сите натпреварувања на 745 натпревари постигна 300 голови и направи 187 асистенции. Му фалат уште 30 голови за да го стигне најдобриот стрелец во Серија А, Силвио Пиола. Освои Скудето, два купа и два Супер купа на Италија и осум пати заврши на втората позиција во Серија А.

Со вкупно 11 Оскари е рекордер по бројот на признанија за играч на сезоната, прогласуван од Италијанската фудбалска федерација. За време на ерата на Тоти во Рома кој за една недела полни 39 години како тренери се наредија: Вујадин Бошков, Карло Мацоне, Карлос Бјанки, Нилс Лајдхолм, Ецио Села, Зденек Земан, Фабио Капело, Чезаре Прандели, Руди Фелер, Луиџи Делнери, Бруно Конти, Лучано Спалети, Клаудио Раниери, Винченцо Монтела, Луис Енрике, Аурелио Андреацоли и Руди Гарсија кој е актулен тренер.

100-от гол на Тоти

200-от

300-от

Голот на кој му аплаудираа и навивачите на Интер

21 септември 2015 - 12:07