Offside

На само 21-годишна возраст, Еспозито се наметнува како светла иднина во националниот тим. Младиот напаѓач на Интер ги напаѓа историските рекорди на италијанскиот фудбал.

Харт не е совладан 100 пати, а рекордер е Џејмс

Дербито меѓу двата ривали од Манчестер кое заврши без голови, Џо Харт го искористи за да стигне до јубилејна бројка од 100 натпревари без примен гол во Премиер лигата.

Златан тера по свое

На прашањето на новинар од Италија што мисли за критичките наслови за него во француските весници, Ибрахимовиќ одговори на течен италијански јазик: „Не разбирам француски, така што не им давам многу на значење“.

Ирска и македонска лига е исто за судиите

За насилството врз судиите во македонскиот фудбал, прва, втора, трета лига се знае добро во чаршијата, ама ретко се пишува. Во Ирска виновникот е посочен со име и презиме кое повеќе нема да го има во клубот.

Здравко Мамиќ во Ријека ја здиве публиката

Во неделата Ријека го победи Динамо Загреб 2-1, а мечот го одбележаа браќата Мамиќ. Едниот, Зоран долу на теренот ја иритираше публиката со тоа што го напушташе предвидениот простор, а другиот, Здравко од горе во ложата вулгарно им гестикулираше на домашните навивачи.

Замокот на Мајкл Џордан

Летечкиот Мајк се обидува да го продаде својот луксузен дом за 14,8 милиони долари. Еве што сè ќе добие новиот сопственик кој ќе се реши да го купи ова чудесно здание.

Како му оди на Антиќ во Турција

Иако неговиот Фенербахче неочекувано ги загуби последните два натпревари, еден во Евролига, еден во домашното првенство, Перо Антиќ игра сосема солидно и добива пристојна минутажа.

Ибрахимовиќ од Колумбија

Лионард од Колумбија кој има 34 години, во првенството во Перу постигна гол кој веројатно до сега не е постигнат во Перу.

Господин Андреа Пирло

Во стил да не се извалкам, Андреа Пирло со поглед ја испрати топката при третиот гол со кој неговиот Њујорк Сити загуби дома 1-3 од Њу Ингланд Револушн.

Кениец од публика лажирал второ место на маратон

Џулиус Енџогу е обвинет дека се сокрил меѓу публиката и дури на крајот ја продолжил 42-километарската трка во Наироби каде го освоил второто место за кое добил 7.000 долари. Во финишот го откриле дека воопшто не трчал.

ТРАНСМЕТ во тврд натпревар до победа над ФАКОМ

Во четвртото коло од Бизнис лигата на Македонија се одиграа два натпревари на кои победи славеа екипите на ТРАНСМЕТ и Шпаркасе банка

Фудбалскиот викенд во 10 точки

Кајт дава по три гола и на 35 години, а за Левандовски и Обамејанг тоа е веќе рутина. Барселона е ефикасна и без Меси, а Михајловиќ против Сасуоло победи со дете меѓу стативите.

50 легенди, 50 кошеви

Карим Абдул Џабар, Меџик Џонсон, Чарлс Баркли, Џон Стоктон, Мајкл Џордан, Хаким Олајџивон, Карл Мелоун, Патрик Јуинг, Реџи Милер, Скоти Пипен, Дејвид Робинсон, Шекил Онил, Пени Хардавеј, Крис Вебер, Грент Хил, Кевин Гарнет, Реј Ален, Ален Ајверсон, Стив Неш, Коби Брајант.... Доста ви е, пуштајте плеј, тој што го монтирал видеово собрал материјал од 1946-та до 2012-та, ама само од најдобрите.

Усеин Болт од Борусија Дортмунд

Кога Пјер-Емерик Обамејанг пред две години потпиша за Милионерите, за време на подготовките истрча 30 метри за 3,7 секунди. Тоа време е за скоро 0,1 секунда побрзо од времето со кое Усеин Болт ги истрча првите 30 метри за време на трката во Берлин кога во 2009-та година го сруши рекордот на 100 метри.

Ана Левандовска ја откри тајната

Напаѓачот на Баерн Минхен постигна 10 голови во една недела, и неговата поубава половина се пошегува на Инстаграм дека Роберт Левандовски почнува да биде здодевен. Тајната на успехот била во доручекот, вели жена му инаку шампионка во карате.

Судија на колото

На мечот меѓу Нец и Гронинген во холандското првенство...

Ја сака пицата на мајка му, фан е на Федерер и велат дека е скржав

Гонзало Игуаин има тројца браќа од кои еден е фудбалер. Поседува и француски пасош, а меѓу 10-те работи за него ќе уфрлиме и една чудна информација за човек што заработува 5,5 милиони евра годишно.

Шпанија бесна, го нападна докторот Роси

Сите шпански дневни весници првпат во историјата жестоко го критикуваат Валентино Роси по инцидентот со Маркез. Марка: Срамно. Ел Мундо: Казнете го драстично. Ас: Не треба да вози во Валенсија.

Асистенција за гол преку судија

Лидерот во Перу, тимот на Спортинг Кристал треба да го почести судијата Луис Гарај што им подари победа на мечот против Хуан Аурих. Во исто време не сакаме да знаеме што сè сакаат да му направат гостите.

Голчиште, голиште, голчина

На дербито Сион - Грасхоперс во Швајцарија, Мунас Дабур постигна гол после кој сите гледачи се држеа за глава со едно прашање: Дали е можно?

Приказната за Иван Заморано, фудбалскиот бог на Чиле

Фудбалерот на Реал Мадрид и Интер важеше за играч кој не е волшебник со топката, но има страшна фудбалска интелегенција и авторитет кој му дозволи на официјалните натпревари комотно да носи дрес на кој стоеше 1+8.

Оригиналност на ултрасите на Лацио

Навивачите на Рома и Лацио веќе два месеци водат борба против градските власти и полицијата кои решија со разни градежни материјали да им ги поделат трибините, наводно за поголема безбедност.

И да изгубите, нема да ве оставиме

Дали од инает, или едноставно од голема љубов кон Бенфика, навивачите на овој клуб не престанаа да грмат во дербито против Спортинг кој победи 0-3 на стадионот Луж. Наравоучение: Лекција за симпатизерите кои свират кога на екипата не ѝ оди.

Повторно не издржаа до крај, трет пораз во финишот за Металург

Уште не опоравени од двата тешки порази на гостувањата, ракометарите на Металург одново загубија во финишот од романската екипа Баја Маре, овојпат 23-21 во СЦ Борис Трајковски.