Offside

На само 21-годишна возраст, Еспозито се наметнува како светла иднина во националниот тим. Младиот напаѓач на Интер ги напаѓа историските рекорди на италијанскиот фудбал.

16-годишен голман го чува голот на Милан

Џанлуиџи Донарума попладнево на клупата ги седна Диего Лопез и колегите и застана на голот на Милан против Сасуоло. За него пишувавме кога наполни 16 во февруари годинава. Го сметаат за наследник на Џиџи Буфон, а менаџер му е контроверзниот Мино Раиола.

Роси го турна Маркез на сред трка

Марк Маркез ја заврши трката во Сепанг, откако Валентино Роси го клоцна на сред трка. Докторот за казна ќе стартува како последно пласиран на затворањето на сезоната во Валенсија, а бодовите освоени во Малезија му останаа валидни во борбата за титулата.

Лејно од гол на гол против Хипо

Ракометарките на Вардар убедливо славеа против Хипо, а разликата во класа ја покажа Французинката на голот на Црвено-црните, Амандин Лејно.

Незаборавниот гол на Агуеро за титула

Во пресрет на 170. Манкјуниан дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити на Олд Трафорд, се потсетивме на неверојатниот момент од 2012-та година кога Агуеро со гол во 93-та минута му донесе титула на Сити.

Среќа голманска

ПСВ Ајндховен со 1-3 го совлада Твенте во дербито од холандското првенство, но малку фалеше резултатот да биде поинаков по вина на голманот Жерон Зоет.

Крка победи со кош од пола терен

Бекот на Крка, Мирко Мулалиќ со кош од половина терен и донесе триумф на својата екипа на гостувањето во Пионир против Партизан.

Вардарки ја надополнија црвено-црната вечер

По воведниот пораз од Ѓер во Скопје, ракометарките на Вардар се консолидираа и со убедливи 13 голови разлика славеа против Хипо, 25-38.

Ова може да си го дозволи само Штербик

Вардар вечера на Кјелце му го нанесе еден од најтешките порази, а херој на мечот беше Арпад Штербик кој целосно го поклопи голот. Вакви егзибиции може само него да му се простат.

Вардарци и Комити заедно пееја „шампионе“

Ракометарите на Вардар се единствени со 5 победи по шесте минати кола во Лигата на шампионите, а до денешниот триумф стигнаа во голем стил, против голем противник кој беше потопен со 10 голови разлика. Славјето во Јане Сандански продолжи по завршувањето на средбата.

Ракометно шоу на Вардар за одмазда на Кјелце

Македонскиот шампион приреди вистински спектакл за публиката во Јане Сандански која гледаше и уживаше како Вардар го толчи ланскиот должник од кој беше елиминиран во четвртфинале. Штербик се надмина себе си.

Манасков им се извини на Комитите

Откако по мечот против Пиг Сегед си замина потиштен поради вулгарните пароли и скандирања кои беа упатени на негова сметка, Дејан Манасков веднаш штом стапна на паркетот во Јане Сандански пред средбата со Кјелце, отиде на помирување кај Комитите кои му аплаудираа за потегот.

Кога Берлускони наредува напад

Со прилично лоша трансфер политика, Милан во оган фрли неколку поранешни легенди како Кларенс Сидорф, Мауро Тасоти, Филипо Инзаги. Токму Пипо последен на своја кожа почувствува колку не е лесно да се работи со Силвио Берлускони, кој пред сите фудбалери го тераше да урла аttaccare или во напад!

Словенечкото дерби одложено, нема доволно полиција

Властите во Словенија одлучија да го одложат првенственото дерби меѓу Олимпија Љубљана и Марибор, затоа што речиси сите полицајци и редари се ангажирани во решавање на мигрантската криза.

Артемио Франки не простува предавство

Во недела од 18 часот, Мохамед Салах го очекува непријателска клима на стадионот на Фиорентина, чиишто навивачи сметаат дека Египќанецот ги предал со заминувањето во Рома. На нож во минатото беа пречекувани Баџо, Конте, Роси, Монтоливо.

Ракометниот ритуал на Тахити

На развоен турнир во Габрово, Бугарија се среќаваат ракометните селекции на Тахити и Зелет `Рт. За Тахити дознавме дека имаат фудбалска репрезентација со само еден професионален играч, а за ракометната дека имаат ритуал пред натпревар со кој го илустрираат митот за племињата од полинезиските острови.

Офсајд лик: Маурицио

Кога на 21 јануари годинава, Лацио го потпиша бразилскиот дефанзивец од Спортинг, мислеше дека ќе добие засилување. Маурицио точно е дека е силен, но силата ја користи за ќотек кој ако вака го користи и во иднина ќе стане рекордер со црвени картони.

Чудната судбина на Мичу и Свонси

Премиерлигашот од Велс пред две години одби понуди од 40 милиони фунти за фудбалерот кој тогаш ги решеташе противничките мрежи, а сега тренира со шпански четвртолигаш.

Децата и нивните идоли

Секој страстен фудбалски фан кој ја сака оваа игра од мал, ќе ја разбере реакцијата на децава кои живеат за барем една средба со своите омилени играчи.

Фудбалскиот генијалец кој не успеа да ги остави цигарите

„Во животот бев зависен од две работи, од фудбалот и од цигарите. Фудбалот ми даде се во животот, а цигарите ми земаа речиси се“, изјави Кројф во една кампања во борбата против пушењето.

Осврт на третото коло од Телеком Бизнис Лигата

Во рамките на третото коло од Телеком Бизнис Лигата на Македонија, најдобар стрелец беше Виктор Петровски (МЕПСО) со 4 гола, а екипа на колото е Адмирал.

Бод за Тричко, Ливерпул никако да победи

Македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски со одлична асистенција го пронајде Микал Кухарчик кој ги постави конечните 1:1 против Клуб Бриж. Наполи, Брага и Рапид Виена врзаа три од три во своите групи во ЛЕ, а Ливерпул ниту со 31 удар кон гол не успеа да го совлада Рубин Казан.

17 од 17 за Обамејанг, Тотенхем поразен во Брисел

Со хет-трикот на гостувањето против Габала, фудбалерот на Дортмунд Пјер Обамејанг го постигна и 17 гол на 17 натпревар сезонава. Лацио славеше 3:1 против Розенборг, иако цел натпревар играше со играч помалку.

Бебешки навивачки инстинкт

Уште не оди, не збори и моча во пелени, а веќе знае како да реагира која ќе ја слушне омилената навивачка песна на татко му со кој изгледа дека за брзо време ќе оди на стадион на натпреварите на Нотинген Форест.