Со пласманот во Купот на Конфедерациите, селекцијата на Тахити ги живее историските денови во фудбалот. Се наоѓа на 138 позиција на ранг листата на ФИФА и е две места подобра од Авганистан.
По долгогодишната доминација на Австралија и Нов Зеланд, лани за прв пат го освои Купот на нации во Океанија и сега е во друштво на големите фудбалски сили Шпанија, Нигерија и Уругвај.
За неа чукаат срцата на 170.000 жители од Тахити. Еве што велат фактите за репрезентацијата која вчера загуби од Нигерија со 6:1, а за два дена ќе се сретне со светскиот шампион.
-Тахити е единствениот национален тим на Пацификот, кој покрај Австралија и Нов Зеланд успеал да го подигне пехарот во Купот на нации минатата година, а кој е основан во 1973 година. Пласманот на Купот на конфедерации како нивно прво големо достигнување го обезбедија со победата над Нова Каледонија од 1:0.
-Тимот е составен од 22 аматери и само еден професионален играч, а тоа е 33 годишниот Марама Ваируа кој минатата година настапуваше како позајмен играч за Панатионаикос од екипата на Нанси. Како единствена позната фудбалска фигура на островот, тој кариерата ја градеше во Франција каде настапуваше и за Лориен, Ница и Нант кој го водеше до осмата титула во 2001 година.
-Освен Марама, останатите двајца фудбалери од Тахити кои заработуваат од спортот се голманот Хавиер Самин кој работи како спортски учител, додека дефанзивецот Таматоа Вагеман печали работејќи како личен тренер. За разлика од нив, на пример нивниот колега, напаѓачот Самуел Нануине покрај репрезентативните обврски, тој е разнесувач на брашно, а носи вреќи кои тежат и до 50 килограми.
-Иако се работи за аматерска репрезентација, Тахити има силна фудбалска традиција на контитентално ниво и од секогаш се смета за најдобра на Пацификот. Со 5 титули тие се најуспешен тим на игрите на Јужниот Пацифик каде се натпреваруваат сите острови од регионот. Нивната најголема победа е онаа од 30:0 против Кук Островите во 1971 година, а најголемиот пораз го бележат пред 9 години од Нов Зеланд со 9:0.
-Многу фудбалери во светот имаат тетоважи, но малкумина од нив знаат дека потекнуваат од Тахити. Тетоважата потекнува од полинезискиот збор „татау" и освен тоа што локалното население го смета како знак на убавина и храброст, има и верско значење.
-Тајната на успехот на Тахити е нивниот тренер Еди Етаета. 43 годишниот стратег кој во 90-тите настапувал како интернационалец успеал да создаде цврст и тактички добар тим. Недостатокот од талент го надокнадил со голема жртвување за тимот и тимска работа. Затоа тој заслужено е еден од тројцата луѓе кои со полно работно време се вработени од страна на Фудбалската федерација на Тахити.
-Во националниот тим има четворица играчи од една иста фамилија. Тоа се тројцата браќа Џонатан, Лоренцо и Алвин, заедно со нивниот братучед Теаонуи. Тие се впрочем едни од главните играчи кои моментално настапуваат на турнирот во Бразил.
-И покрај нивниот прв триумф во Купот на Нациите и историскиот пласман во Бразил, фудбалот не е најпопуларниот спорт во Тахити, како што е тоа во целиот регион во Окејанија. Спортот кој го сметаат за религија е рагбито. Инаку Тахити е познат како незаменлив светски шампион во трка со спортски чамци.
-Еден од најпознатите и најспектакуларните летни дестинации во светот кои се наоѓаат во тој регион е Бора Бора островот. Местото нуди посебна природа со уникатни луксузни летувалишта. Поради атмосферата која се нуди, островот е познат како „романтичен остров". Велат дека ниту еден играч не може да се пожали што живее во таква средина.
-Тахити е познато и како место со природни чуда, како и извор на инспирација на многу познати умови низ светот. Францускот сликар Поп Гоген за да избега од индустриското и оштетено општество во Европа, последните години од својот живот ги поминал во Тахити. Големиот научник по природа Чарлс Дарвин го посетил островот во 1835 година и тој бил зачуден од моралот и добрината на локалното население.