Репрезентацијата со најголема вредност е светскиот и европски шампион Шпанија кој впрочем се наоѓа на првата позиција на ранг листата на ФИФА. Фудбалерите на „Црвената фурија“ чинат 648 милиони евра или една третина од вредноста на сите селекции кои се натпреваруваат во Бразил.
Втор е домаќинот кој вреди 445 милиони евра, а доста евидентна е разликата помеѓу првиот и последниот на листата кој е дури 216 пати побогат. Во шпанската репрезентација најверојатно нема ниту еден фудбалер кој вреди само 3 милиони евра, колку селекцијата на Тахити.