Шампионот на Африка мина лесно против репрезентацијата на Тахити и работата ја заврши уште по половина час игра во кој постигна 3 погодоци. Резултатот го отвори Елдерсон уште по 5 минути игра откако по ударот од далечина топката удри во двајца дефанзивци на Тахити кој го измамија чуварот на мрежата.
Водството го зголеми Адуамади веќе во 10 минута кога одлично се ослободи од двајца противнични играчи. Третиот гол за Нигеријците се случи по катастрофалната грешка на голманот откако по бавното додавање на Муса реагираше несмасно и му ја подари топката на Одуамади.
Почесниот гол за аматерскиот состав на Тахити беше дело на Жонатан Тео во 54 минута кој одлично се снајде на втората статива со глава, но истиот играч беше трагичар во сопствениот шеснаесетник кога се запиша на листата на стрелците со автогол.
Хет трикот на Адуамади стигна многу лесно во 76 минута, а по 4 минута игра Ехие Жиле прибра една топка во шеснаесетникот во моментите кога беше целосно без компас одбраната на Тахити и ги постави конечните 6:1.