ТРАНСМЕТ во тврд натпревар до победа над ФАКОМ

Во четвртото коло од Бизнис лигата на Македонија се одиграа два натпревари на кои победи славеа екипите на ТРАНСМЕТ и Шпаркасе банка

ТРАНСМЕТ во тврд натпревар до победа над ФАКОМ

ФАКОМ 3-5 (2-3) ТРАНСМЕТ
ФАКОМ: Боро Мисердовски 6’, Бојан Јовановски 16’, Шенол Аџировски 29’
ТРАНСМЕТ: Живко Стојкоски 9’, Един Скендеровиќ 10’, 20’, Бобан Велјановски 25’, Игор Пејовски 40’

Крајно израмнето прво полувреме во кое екипите на ТРАНСМЕТ и ФАКОМ наизменично се менуваа во водство. Резултатот беше израмнет се до последните 10 секунди кога ТРАНСМЕТ со гол на Един Скендеровиќ успеа да замине на полувремето со минимум водство од 2-3. Во второто полувреме екипата на ТРАНСМЕТ брзо постигна гол со кој стекна предност од 2 гола и влезе во комфорна зона, па ФАКОМ успеа со погодок да изненади за резултатски приклучок. Во 33 минута ТРАНСМЕТ по груб прекршок остана со играч помалку, што ФАКОМ не успеа да го претвори во гол, па се обиде со голман-играч, што не вроди со плод за да на крајот го загуби овој натпревар со 3-5.

Секуловски (Шпаркасе банка) човек на одлука во дуелот со Адмирал

Адмирал 3-4 (0-2) Шпаркасе банка
Адмирал: Јован Качевски 23’, Ненад Лазаревски 33’, Албим Шакири 38’
Шпаркасе банка: Стојанчо Јосифоски 3’, Деко Марков 11’, Владимир Кузевски 36’, Александар Секуловски 40’

Во првото полувреме екипата на Шпаркасе банка одигра доста поорганизирано во нападот, за разлика од Адмирал, кој на моменти играше доста конфузно и на моменти не можеше да ги поврзе своите редови, па првото полувреме заслужено му припадна на Шпаркасе банка со 0-2. Во второто полувреме екипата на Адмирал успеа да направи целосен пресврт со одлична игра пред се во нападот и целосно да се врати во натпреварот. Но Шпаркасе банка на 4 минути пред крајот постигна погодок за предност од 2-3, по што екипата на Адмирал израмни за да голманот на Шпаркасе банка буквално во последната секунда стане вистински херој на натпреварот за конечни 3-4 на крајот од натпреварот.

26 октомври 2015 - 23:09