Ја сака пицата на мајка му, фан е на Федерер и велат дека е скржав

Гонзало Игуаин има тројца браќа од кои еден е фудбалер. Поседува и француски пасош, а меѓу 10-те работи за него ќе уфрлиме и една чудна информација за човек што заработува 5,5 милиони евра годишно.

- Игуаин е Аргентинец, но е роден во Брест, Франција, каде татко му Хорхе настапувал во сезоната 1987/1988.

- Мајка му Нанси Закариас е уметник, но и одлична готвачка. Гонзало е луд по нејзината пица.

- Брат му Федерико е исто така напаѓач и настапува за Колумбус во МЛС лигата.

- Тој заедно со Меси се наоѓа на омотот од италијанската верзија на ФИФА 15 и единствен фудбалер на Наполи кој ја имал таа привилегија.

- Од скоро во Неапол со него живее и девојка му Лара.

- Брат му Николас или по прекар Нико, кој му е агент се истетовира во чест на Наполи, а Гонзало нема тетоважи.

- Голем фан е на Роже Федерер.

- Живее во истиот парк каде живееше Кавани.

- Марадона беше првиот селектор кој го повика за селекцијата на Аргентина, додека Пипита беше член на Реал Мадрид.

- Наш анонимен извор разбрал од македонски фудбалер кој има играно во Италија дека Игуаин бил стипса и за да не троши гориво додека биле колеги во Наполи, одел на тренинг со Пандев.

26 октомври 2015 - 15:36