Иако со години беше обожуван во Шпанија, митот на Валентино во оваа земја се сруши по инцидентот со Маркез викендов. На тој начин заврши долгата љубов на Шпанците кон Докторот кој често го ставаа пред нивните сонародници Гиберно, Педроса, Лоренци и пред се Маркез.
Поради фактот што Реал играше во саботата, Марка во неделата му ја посвети целата насловна страна на Валентино Роси со наслов: Падот на идолот и фотографија од Маркез како мал сликан со Валентино Роси, а стаклото од рамката скршено.

Во продолжение Марка во ист кош го става Валентино Роси со главата на Зидан врз Матераци, лактот на Мауро Тасоти врз Луис Енрике на СП 1994. година, нападот на Шумахер над Вилнев во 1997-ма како и страшното гризење на Тајсон на мечот со Холифилд.

Еден од поугледните весници, АС објави три текста за инцидентот. „Сето ова му штети на мотоциклизмот. Роси не треба да вози во Валенсија“. Поранешниот возач Анхел Нето изјави: „Не верувам дека Валентино може да спие мирно по тоа што се случи синоќа. Сигурно го гризе совеста“.
Заклучокот е дека љубовта меѓу Шпанците и Валентино Роси се прекина на кривината на стазата во Сепанг, Малезија.