Offside

Најдобриот македонски голман им се приклучи на тренинзите на Валенсија од пред повеќе од две недели, а во меѓувреме бранеше и на пријателската средба против Стоук Сити која заврши 1-1. Кумановецот во разговор за шпански медиум раскажа за новата сезона и што ги чека во неа.

Дебито на малиот Стивен Џерард

Еден од поважните моменти во историјата на модерниот фудбал се случи на денешен ден пред 17 години. Збунетиот Стиви дебитираше за Ливерпул, а понатаму се друго е историја.

Хит на денот со Тајсон Фјури

Британскиот боксер Тајсон Фјури не можеше да ги задржи емоциите после сензационалниот триумф над Владимир Кличко и го запеа познатиот хит од Аеросмит „I don't wanna miss a thing“ кој го посвети на своите ирски, американски, британски и ново-германски фанови.

Крај на владеењто на Кличко

Тајсон Фјури му ја одзеде круната на светскиот шампион во тешка категорија и до синоќа неприкосновениот боксерски владетел, Владимир Кличко.

Тикетот на Мирјана

Првите два тикети кои ни ги прати Мирјана минатото коло не и тргнаа. За денеска има нови предлози за типување.

Навивачите најдобро ги ловат волеј головите на Суарез

Денешната жртва на триото на Барселона е Реал Сосиедад кој прими четири комада на Камп Ноу. Навивачите на Барса често снимаат во шеснаесетник кога Суарез станува стрелец.

Картер од кош на кош против Атланта

Ветеранот Винс Картер фати една топка под својот обрач на мечот против Атланта и го погоди противничкиот кош преку цел терен. На крајот сепак славеше поранешнот тим на Перо Антиќ.

Кјелце се одмазди за високиот пораз во Јане Сандански

Ракометарите на Вардар го претрпеа четвртиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите откако во Полска одиграа натпревар далеку под своето ниво. Поразот од три гола разлика е достоен со оглед на лошата игра на тимот на Гонзалес.

Нејмар не ми се налути кога му ја протнав низ нозе

Беше дел од непобедливата генерација на Оксер со Филип Мексес, Бумсонг и Џибрил Сисе, но честите повреди го натераа Сиан Гарние да се повлече од професионалниот фудбал и да започне фристајл авантури од кои заработува и по 1.000 долари дневно.

Бугарската петарда на Олд Трафорд

Левандовски не е прв со петка на еден натпревар. На денешен ден пред пет години до пет броеше и Димитар Бербатов против Блекбурн кога Јунајтед славеше со 7:1.

Овој Јунајтед е милион километри зад Барселона и Баерн

Поранешните ѕвезди на Манчестер Јунајтед жестоко ги критикуваат играчите и нивната игра за која велат дека е досадна. Овен смета дека “стариот“ Јунајтед би ја дувнал оваа група за четири кола, а Рој Кин за Руни рече дека изгледа ужасно.

ФФМ ќе го анализира судењето на Ставрев

По нападите на ФК Вардар за судењето на Александар Ставрев на мечот против Шкендија, со соопштение се огласи и Фудбалската федерација на Македонија.

Окафор враќа на улични провокации

Најдобриот кошаркар на Филаделфија ’76, Џалил Окафор (18,4 поени по натпревар) уште еднаш покажа дека не трпи многу да му трубат за очајните игри на Сиксерси во НБА лигата.

На најголем душман не би му го сторил тоа

По неколку неделен молк за скандалот со видео снимката со чие објавуање Бензема го уценуваше, конечно се огласи и главниот актер, фудбалерот на Лион, Метју Валбуена.

Спорните моменти на мечот Шкендија - Вардар

Фудбалерите на Шкендија го добија првиот четвртфинален меч од Купот на Македонија со 3:0, а во првите 45 минути Црвеноцрните добија два црвени картони. ФК Вардар денеска удри жестоко против меѓународниот судија Александар Ставрев и објави видео со сите негови судиски одлуки кои смета дека се погрешни. 

7.000 голови во Лигата на шампионите

Ако не сте испуштиле хајлатс нa ова натпреварување од 92-ра до денес, тоа значи дека сте виделе 7.000 голови, јубилејна бројка која почна со фудбалер на Марсеј, а ја заокружи ова коло играч на ПСЖ. Роналдо и Меси се бркаат за најважниот рекорд.

Нов светски рекорд, 335 кг на бенч

Со кренати 335 килограми товар, Русинот Кирил Саричев постави нов рекорд на бенч.

10 најдобри воспитаници на Атлетико Мадрид

Во 1992. година, Атлетико изгласа тешка одлука за затворање на фудбалската академија за која сметаа дека е фрлање пари. Отворена е неколку години подоцна и од тогаш е една од најдобрите академии во Европа која непрестано произведува таленти.

Фудбалерите на Партизан со шампањ се враќаа дома

Андрија Живковиќ со гол во 89. минута му донесе целосен пресврт на својот тим против Аз Алкмар и сега со 9 бода Србите се на второ место и многу блиску до пласман во нокаут фазата од ЛЕ. Тоа беше повод за весел лет на Валериј Божинов и другарите, на релација Амстердам - Белград. Шампањот го отвори директорот на клубот.

Голманот на Ливерпул чекаше кафе

Белгискиот голман Симон Мињоле ја држеше топката во раце цели 22 секунди во својот шеснаесетник, по што судијата досуди индиректен удар од кој Бордо даде гол за водство.

Тричковски одличен во триумфот на Легија

Македонскиот репрезентативец одигра 84 минути за Легија Варшава во победата над данскиот Митјиланд. Полјаците имаат 6 бода и во последното коло во Неапол ќе бараат европска пролет.

Дортмунд се загуби во руската зима, Лацио убедлив

Фудбалерите на Кубан кои се мачеа со нашиот Работнички, денес го совладаа Дортмунд и како првопласирани во групата одат понатаму. Билбао славеше со пресврт против Аугзбург, Монако поразен од Андерлехт.