Во Њујорк никој не ме знае, шетам слободно

„Во Италија полиција нè чуваше во соблекувалните доцна во ноќта затоа што не беше безбедно да си одиме дома после натпреварите. Овде можам комотно да шетам без никој да ме препознае“, вели Професорот чијшто дрес е меѓу најпродаваните во САД.

За многу луѓе во светот, Андреа Пирло е Бог. Како фудбалер на некои од најголемите европски клубови има два трофеи во Лигата на шампионите и шест титули во првенството. Во 2006. година го освои Светското првенство со Италија, земја во која три пати беше играч на годината и каде има два прекари, Моцарт и Професорот. Неговата биографија „Мислам, значи играм“ издадена во 2013-та беше најпродавана книга во Италија.
 
Два пати бил на средба со двајца Папи.
 
Но тоа не е многу важно во Њујорк каде Пирло стои слободно во еден агол на блок од Хералд Сквер на Менхетен. Минатото лето, тој ги изненади навивачите ширум светот со одлуката да потпише две ипол годишенд договор со Њујорк Сити ФЦ, новоснован клуб од МЛС лигата.
 
На 36 години, фудбалерот роден во Бреша беше на насловна страна на Ванити Фер и GQ во Италија, и сега првпат се појавува во еден магазин во САД.
 
Облечен во лесно сако Масимо Пјомбо и портокалов кардиган џемпер, Пирло бил во фокусот на фотографите и стилистите кој го местеле на еден од њујоршките булевари. Сè е мирно па дури и после моментот кога тројца авантуристи од Милано го поздравуваат Чао Андреа! Понекој блиц од мобилните телефони и срамежливи поздрави на кои Андреа враќа со љубезна насмевка.
 
Американскиот живот на Пирло не може да биде поразличен од оној на повеќето ѕвезди во МЛС лигата како што е Дејвид Бекам. За разлика од Англичанецот кој низ Лос Анџелес се вози со Мустанг, Италијанецот често пешачи низ Менхетен.
 
Навечер шета по Хај Лајн или оди на голф во Бронкс. Одвреме навреме оди во италијанскиот ресторан Фелидија којшто го држел пријател на мајка му и таму Пирло пие вино (и самиот поседува скапоцена винарија во Италија). Кога бил на изложба на Алберто Бури во музејот Гугенхајм, Пирло можел комотно со девојка му да прошета без никој да го вознемирува.
 
„Во Италија не можам да одам на вечера во најмодерните ресторани. Анониномста тука ми годи. Во Италија каде се најфанатичните навивачи се случуваше полицијата да нè чува во соблекувалните и цела ноќ не излегувавме поради безбедност. Ни го кршеа автобусот или ги дупнуваа гумите“, вели Пирло чијшто договор со Јуве истече минатиот јуни.
Њујорк генерално ги обожува спортските ѕвезди како Алекс Родригез, Ели Манинг или Кармело Ентони, но и Пирло има свое место на таа листа. Иако дојде на полусезоната лани, во моментов е трет асистент во екипата. Пирло во Њујорк Сити заработува 2,3 милиони долари годишно. Речиси една години е во САД, го развива својот англиски јазик и би сакал да гледа некое шоу на Вродвеј.
„Не би било лошо да останам овде. Тоа би било интересно“, изјавил Пирло за Њујорк Тајмс. Договорот со клубот му истекува за 2 години.