Чиро држел предавање на економскиот факултет во Осијек и повторно имал настап во свој стил. Најзанимлив бил делот кога на студентите им раскажувал како во соба фатил двајца репрезентативци на Хрватска со проститутки. Се работело за легендарниот напаѓач Ален Бокшиќ и за Игор Штимац кој потоа беше селектор на Хрватска.
„Беше околу 1 часот по полноќ. Поминав од една соба и мислев дека слушам порно филм. Но не беше тоа порнич. Почнав да викам `отвори`, а Ален Бокшиќ ми одговара: `спиеме`. Како не спиете мамето, отворај им викам. Штимац отвора врата, а вецето беше заклучено. Проститутката сакаше д побегне, а јас ја фатив за торба и ја прашав дали платиле. Ми рече да и потоа ја пуштив.
„И сега што да правам? Штимац одма би го избркал, но Бокшиќ го сакам, тој е пример за чесност, но овој го навлече на такви работи и му донесе мачка. Одлучив да молчам бидејќи може да ми затреба и ми затреба еднаш“, раскажува Чиро.
Скоро кажуваше и вицеви.