Казната за суспензијата на Галатасарај е донесена од страна на УЕФА поради тоа што ги прекршиле правилата за фер плеј, пренесува турската НТВ.
Европската куќа на фудбалот изјави дека клубот не успеал да се усогласи со правилата кои регулираат дозволено ниво на финансиски загуби и со тоа си го отворил патот за евентуална забрана.
Галатасарај сезонава се натпреваруваше во Лигата на шампионите и заврши на трето место во групата Ц од каде во нокаут минаа Атлетико Мадрид и Бенфика. Потоа продолжи во Лига Европа каде во 16 финалето беше елиминиран од Лацио со вкупни 4:2.
Турскиот состав бележи слаби резултати и во домашното првенство каде се наоѓа на 5. место, а пред неколку дена остана и без Мустафа Денизли кој по три месеци си поднесе оставка од тренерската позиција.
Галатасарај во јануарскиот преоден рок го продаде Бурај Јилмаз во Кина, а со ново настанатата ситуација ќе има многу проблеми да ги задржи Весли Снајдер и Лукас Подолски.