Претседателот на ПАОК, Русинот Иван Савидис изјави дека тој ја повлекол екипата од теренот и дека нема да патуваат на реваншот во Атина.
„ Овие 30.000 луѓе на стадионов не се плашат ниту од ѓаволот. Мора да има истрага за криминалното судење. Овие мечеви мора да ги судат странски судии, а ако федерацијата нема пари да ги плати, ПАОК ќе ги плати. За првпат во мојот живот се срамам што имам врска со грчкиот фудбал. Претседателот на сојузот мора да даде оставка, а газдата на Олимпијакос, Евангелос Маринакис мора да го напушти фудбалот.
Би сакал да им се извинам на сите што присуствуваа, за жал не гледаме дека работите одат кон подобро после она што се случи вечерва. Нема да патуваме на реваншот во Атина, каква и да е казната, мојата позиција нема да се смени. ПАОК нема да го игра реваншот па макар не исфрлиле од Супер лигата", бесно изјави Русинот Иван Савидис, првиот човек на солунскиот клуб.
На ова од Олимпијакос вратија со кратко соопштение во кое се вели: „Не се согласуваме со делириумот на господин Савидис".
Португалскиот тренер на клупата на Олимпијакос бил многу исплашен после мечот и ја напуштил прес-конференцијата после прашањето да го прокоментира судењето. Од друга страна, тренерот на ПАОК, Хрватот Игор Тудор отворено изјавил: „Грчкиот фудбал е корумпиран".
Инаку ова е втор пат во Грција сезонава да се прекинува едно дерби. Во ноември минатата година Панатинаикос и Олимпијакос не одиграа до крај затоа што навивачите на Пао се судрија со полицијата на теренот.
За тоталната доминација на Олимпијакос во грчкиот фудбал тука.