Како Олимпијакос го потчини грчкиот фудбал?

Последниот диктатор во Европа

18 победи и 1 нерешена на 19 меча е учинокот на клубот од Пиреја кој со години е совршено непобедлив во грчкиот фудбал. Зошто е тоа така?

Историја без почеток
 
Селцето Платаниас е како рај. Во смисла што има сонце, топло е и мирно. На работ на Крит, Платаниас лежи на Егејското море. На мештаните би им било додевно ако го немаат малиот стадион Периволија. Таму настапува клубот Платанијас кој понекогаш пречекува ѕвезди од противничките екипи на малиот стадион.
 
На 18. јануари во еден таков меч, пар илјади гледачи дојдоа да гледаат познати ѕвезди и паралелно да го кренат локал патриотизмот. По водството на гостите од Пиреја, пред крајот на мечот домаќините израмнија преку Аргентинецот Леонардо Рамос. Стадиончето во екстаза, а гостите не сфатија како не победиле. По првпат во сезоната.
 
За степенот на окрутноста на Легендите (Thrylos, таков е прекарот на Олимпијакос) најдобро зборуваат бројките.
 
- 42 пати шампион на Грција, сите останати вкупно 37 пати.
 
- 5 пати во својата историја црвено-белите имале серија од по 5 или повеќе одбрани на титулата и се единствен тим во светот со такво достигнување.
 
- 98.000 регистрирани членови имало Спортското друштво Олимпијакос во 2014-та година. Денес цифрата е над 100.000 членови.
 
- 20 милиони евра клубот потрошил на трансфери пред почетокот на сезоната. Ако ви изгледа малку, тоа е за 2,5 пати повеќе отколку сите клубови од грчката Суперлига заедно.
 
- 17 победи по ред запиша Олимпијакос на почетокот на сезонава и тоа е најдобар резултат во европскиот фудбал во XXI век.
 
Во текот на 16 години од овој век, Легендите од тронот ги тргнаа само два пати, и тоа на два пати Панатинаикос.
 
Криминални приказни

Фудбалот во Грција е монополизиран од една екипа - Олимпијакос. Ривалите на Олимпијакос често наоѓаат теории на заговор и лелекања поради тоа што не можат да му се спротивстават на тимот од Пиреја.

„Некако со текот на времето човек сфаќа дека постои систем направен за еден клуб да биде шампион", изјави рускиот менаџер Герман Чистјаков кој пред неколку години работел како помошник во солунски ПАОК.

Постојат гласини и легенда дека прошетката на Олимпијакос низ грчкиот фудбал му ја овозможува Херкулес на подземјето, претседателот на клубот Ванѓелис Маринакис. Мултимилионер кој изгледа како древногрчки филозоф. Инвеститор, креатор на политиката, наследник на семеен бизнис и еден од 100-те највлијателни бродосопственици на светот. Маринакис стана мнозински акционер на Олимпијакос во 2010. година кога црвено-белите му го предадоа златото на главниот ривал. Во исто време Маринакис беше претседател на грчката Супер лига и потпретседател на Грчката фудбалска федерација.

Во летото 2011. година изби грчкиот Кариополис (нешто како Калчополи во Италија). Сè започна со извештајот на УЕФА која сомневаше во неколку десетици натпревари во Грција. Истрагата од локалните власти привлекла 100-ина сведоци и околу 70 сомнителни меѓу кои и Маринакис.

За разлика од Италија, првите резултати на Кариополис донесоа доста лоши резултати: Се исфрлија пар мали клубови, а разни неугледни играчи и функционери добија остри забрани, а некои подоцна беа амнестирани. Во 2015-та дојде нов скандал за корупција. Маринакис тука беше централна фигура. Според податоците на полицијата, газдата на Олимпијакос не бил само еден од организаторите на наместени натпревари, туку редовно и промовирал нови луѓе во грчкиот фудбалски сојуз, меѓу кои и претседателот на федерацијата од 2012 до 2014, Јоргос Сарис.

Целта на обвинувањата била желбата да се земе контрола над Олимпијакос кој е многу профитабилен. Редовното учество на клубот во Лигата на шампионите носи приходи од 20 милиони евра што е третина од буџетот на клубот.

Минатото лето Маринакис добил пет пријави: лажно сведочење, измама, мито, лажирање натпревари и организација на криминална банда. Сепак плати кауција од 200.000 евра и излезе од притвор.

Инаку синот на потпретседателот на Олимпијакос е еден од најистакнатите членови во УЕФА и се смета за близок соработник на Мишел Платини, а поранешен член на Управниот одбор на грчкиот тим, Емилиос Коцонис пред шест месеци бил уапсен поради бродски шверц на 2 тона хероин.

Додека обвинението не се подигне, сè друго ќе бидат само гласини, пишуваат грчките медиуми. До тогаш Маринакис ќе биде познат бизнисмен, татко на три деца, активен филантроп и редовен организатор на хуманитарни настани кој во мај ќе ја прослави 43-та титула во домашното првенство.

Меѓународна канцеларија

Познавајќи ја состојбата во грчкиот фудбал, коментаторите во оваа земја не сакале да го обвинат Клаудио Раниери за големиот неуспех на Грција и двата порази од Фарски Острови во квалификациите за ЕП 2016. Според нив, Олимпијакос е повеќе крив затоа што не се потпира на домашни таленти, туку на легија на странци. Секоја година, Легендите стануваат сè повеќе и повеќе Ибериски клуб. Составот има најмногу играчи од Шпанија и Португалија. Денес редовно играат тројца Грци (Јанис Маниатис, Димитрис Сиовас и Костас Фортунис). Останатите се: Шпанци, Португалци, Бразилци, Аргентинци, Французи, Срби, Швајцарци и Нигеријци.

Цела оваа меѓународна компанија, Олимпијакос ја собирал неколку години. Прв чекор е да ги донесат играчите кои сакаат кариерата во Европа да ја завршат на пристојно место - Естебан Камбијасо, Алехандро Домингез, Алберто Ботија, Мануел да Кошта или во стричниот штаб Кристијан Карембе и Ерик Абидал.

Сегашниот тренер Марко Силва има 38 години. Тој тивко и брзо стана успешен тренер, пред сè затоа што во Грција секогаш може да си приушти експеримент во составот. Во моментов ниту еден клуб од Грција не е спремен сериозно да го предизвика Олимпијакос. Но, ПАОК, АЕК и Панатинаикос се надеваат дека порано или подоцна на оваа според нив диктатура ќе ѝ дојде крајот.

4 февруари 2016 - 14:52