Таг: грчки куп

Малака, врне снег па растура

Ламиа е град во централна Грција со околу 75.000 жители и се наоѓа на 213 километри од Атина. Таму во Купот гостуваше Панатинаикос а условите за игра беа како да ви кажеме. На крајот ПАО изгуби со 4-1 а грчките медиуми пренесуваат дека клубот е на работ од банкрот и пред финансиска пропаст.

Спиеш ли мирно Леонардо Ди Каприо?

На дуелот од реваншот на грчкиот Куп меѓу АЕК и Олимпијакос, гостинскиот фудбалер Карим Ансарифард покажа дека комотно би можел да глуми во некој игран филм. Главна улога, не споредна.

Солунски фронт на ПАОК - Олимпијакос

Првиот полуфинален меч од грчкиот куп меѓу ПАОК и Олимпијакос е прекинат во 89-та минута поради судир на домашните навивачи со полицијата на теренот. Претседателот на ПАОК ја повлекол екипата и нема да патуваат на реваншот во Пиреа.