Осврт на дванаесетото коло од Телеком Бизнис Лигата

Во рамките на дванаесетото коло од Телеком Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни девет натпревари. Се играше доста изедначен фудбал кој беше полн со пресврти и неизвесност до самиот крај од натпреварите.

Стрелци на колото:

1. Ивица Стефковски со рекордни 6 гола во екипата на Еуролинк
2. Арбен Нухиу постигна 4 гола иако неговата Уника загуби во дуелот со Еуролинк
3. Во електричното дерби кое му припадна на ЕВН се издвои Александар Димовски со 3 гола
4. Стефан Димовски од Алкалоид со 3 гола ја осигура победата над ТРАНСМЕТ
5. Кај ФАКОМ се издвои Боро Мисердовски со 3 гола

Голман на колото: Жарко Андреев (ХАЛКБАНК)
Екипа на колото: ХАЛКБАНК
Тренер на колото: Лазар Јаневски (ФАКОМ)

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:

1. Душко Симоноски (Македонски Телеком)
2. Кире Наумовски (МЕПСО)
3. Јовица Левајковски (Пекабеско)
4. Дејан Петковски (ХАЛКБАНК)

4 март 2016 - 09:44