Авионот каде Сандро Пертини, Енцо Беарзот, Дино Ѕоф и Франко Каузио играа карти ден по освојувањето на Светското првенство кое се одигра во Шпанија 1982 е предмет на обожување за илјадници Италијанци кои ги преплавија улиците на чизмата.
Ја славеа светската шампионската титула на Италија по пауза од 44 години, но еден важен дел од таа историја е пред распаѓање. Многумина Италијанци не знаат дека тој е паркиран во хангар на аеродромот Фјумичино во Рим.
DC9 беше дел од националното воено воздухоплоство, а од 2001 година се користеше за медицински транспорт. Потоа беше предаден во Боинг, па во компанијата Алиталија која откако го користеше за обуки го паркираше во гаража.
Авионот сè уште го одржуваат во живот бидејќи го сметаат за важен дел од историјата, а идејата на Алиталија да се чува во музеј никогаш не се оствари со образложение дека големи биле трошоците за чување.
„Веќе со години Алиталија се обидува да го сочува овој симбол на националната меморија. Во него се возеле најпопуларните луѓе на сите Италијанци. Веруваме дека нема да останеме сами во нашите напори да го заштитиме овој важен дел од нашата историја“, велат од компанијата.
Има две сценарија. Едното е да се чува во музејот за воздухоплоство кој се наоѓа во близина на аеродромот Малпенса во Милано каде годишно влегуваат по 100.000 посетители. Другото е да се спаси еден дел од авионот и да биде изложен во музејот на Италијанската фудбалска федерација.