Сè е исто како минатиот месец

Излезе најновата ранг листа на ФИФА за месец март. Македонија останува 138 фудбалска земја во светот.

Во период кога нема активности, Македонската фудбалска репрезентација не оди ниту надолу, ниту нагоре на рангот на ФИФА и продолжува на исто место во друштво со Куба, Судан, Филипини, Намибија, Кувајт, Бахреин, Зимбабве, земји кои се пред нас.

Полош рејтинг од нас во квалификациската група за СП 2018 има само Лихтенштајн кој напредуваше две позиции и сега е на 163 место. Израел скокна шест места и е 67-ми, Албанија е 35-та, Италија 14-та, а Шпанија е трета.

Во топ 10 селекции во светот покрај Шпанците се и Белгија, Аргентина, Германија, Чиле, Бразил, Португалија, Колумбија, Англија и Австрија.

Поместувања за нашиот национален тим се очекуваа во следното рангирање бидејќи наскоро ќе одиграме две пријателски среди. Прво гостуваме во Словенија на 23 март, а потоа на 29 март на Филип Втори ни гостува Бугарија.