Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Што се случи со Твенте?

Пред неколку сезони, холандскиот Твенте играше во ЛШ, беше непокорен конкурент на Ајакс и ПСВ во првенството, лесно ги победуваше противниците во Европа. Сега клубот од Енсхеде е претпоследен и му се заканува банкрот и згаснување.

На Ѓоковиќ му нуделе 100.000 фунти да испадне

Најдобриот светски тенисер изјави дека на неговиот тим пред неколку сезони му предложиле 100.000 фунти за тој да испадне во првото коло на турнир во Русија.

Полска ни се лизна од раце

Македонската ракометна репрезентација повторно одигра одличен и борбен натпревар на Европско првенство, а овој пат за разлика од мечот против Франција испушти последен напад за нерешено против домаќините.

ЕХФ разбра од нашите ракометари каде да јадат ќебапи

Македонските репрезентативци одговараа на прашања од Твитер од амбициите за медал, па се до тоа каде има најдобри ќебапи во Скопје.

Лажњакот на Хулк

Во време кога Русите паузираат и се подготвуваат за вториот дел од сезоната во нивното првенство, на Бразилскиот напаѓач му дојде една нова идеја како да го издрибла голманот од пенал.

Будуќност и натаму енигма за Вардарки

Залудно ракометарките на Вардар цела недела најавуваа борба до последен здив во Црна Гора, затоа што Будуќност им одржа час по ракомет 31-19.

Како денес изгледа Франческо Толдо?

Генијалното издание на Толдо на Европското 2000-та кога против Холандија одбрани еден пенал во регуларно време и два во пенал серијата ги одведе Аѕурите во финале. Денес голманскиот занает го пренесува на некои нови клинци.

Мирјана го погоди тикетот на колото

По неполни два месеци типување за нашиот сајт, Мирјана од Демир Капија погоди тикет од 12-ти обид. И тоа доста фино ливче со 8 парови кое носи 54 коефициент.

Поддршка од сите ѕвезди за Риксен

На церемонијата по повод изборот за најдобар играч на годината според ФИФА, трогателни кадри беа разговорите на Кристијано Роналдо, Нејмар, Меси и другите фудбалски ѕвезди со Фернандо Риксен, поранешниот фудбалер на Ренџерс и Зенит кој боледува од ретка болест.

13 чудни фудбалски факти, втор дел

Знаете ли кој играч нема пораз на Емирати, која селекција е непоразена против Бразил, како изгледало финалето од Копа дел Реј пред 36 години и од кој играч на Барса е поефиксен Џон Тери?

Дриблинг на колото кој исфрли 5 души од игра

Французинот Бен Арфа со два пенали во второ полувреме направи целосен пресврт за победа на Ница над Анжер од 2:1. Пеналите беа за бодови, а ова другово за аплаузи.

Роналдо после фудбалот прејде на покер

Според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, Бразилецот Роналдо во необично интервју за порталот Вајс зборуваше за новата страст после фудбалот.

Играјте систем со кец у два

Во денешните предлози за типување Мирјана ни напиша тикет со осум парови и уште еден тикет во кој брка големи коефициенти во систем.

Храбар настап на Македонија, недоволен за историски подвиг

Инспиративен почеток на ЕП во Полска за нашите ракометари кои и покрај поразот од 7 голови против Франција, покажаа дека се во добра форма и дека ќе се борат со Полска и Србија за пласман во следната рунда. Лазаров најефикасен, Борко солиден на голот.

Без коментар за промашувањево

Барак Изаки е израелски фудбалер кој игра за Макаби Тел Авив. Против Рамат Хашарон вчера промаши нешто што не е реално да се промаши, среќа при резултат 1-3 за неговиот тим.

За кого? За Македонија

На еден час до стартот на 12-то Европско првенство, малку билдање на ракометната атмосфера која не фаќа сите, без разлика дали ќе ги бодриме од Краков или од дома. Напред момци со ладни глави. 

Како изгледаше Рома кога ја тренираше Спалети?

Харизматичниот ќелавко од Тоскана, после неколку години во студената Русија, се врати меѓу своите кои го пречекаа еуфорично на римскиот аеродром Фиумичино.

Зa што Реал и Атлетико Мадрид добија казни од ФИФА?

Мадридските великодостојници западнаа во проблем од кој пред две недели излезе Барселона. Во следните два преодни рока, летото 2016-та и зимата 2017-та нема да може да купуваат играчи. Зошто така?

Да не се истрошиме против Франција и да работиме на подмладување

Илија Темелковски како селектор на СП 2009 беше во уште потешка ситуација од Обрван кога преку фаворитите Русија, Германија и Полска се избори за место во следната фаза. Сè освен пласман на квалификации за ОИ го смета за неуспех на оваа генерација која прв ја водеше на големите натпреварувања.

Тотален Ливерпул на Енфилд во 360 степени

Како пред секој меч, така и пред дербито со Арсенал, на Енфилд Роуд грмеше You'll never walk alone. На официјалниот клупски канал, Црвените објавија видео на кое може да го фатите секој агол од трибините со помош на маусот. Интересно искуство.

Против Галските петли за крај на незгодната традиција

Македонските ракометари четири пати од осамостојувањето играа на Европските првенства. Вечерва од 18:00 го почнуваме третото по ред, во Полска, каде отвораме против најмоќната ракометна сила на планетава.