ЕЛЕМ ја искористи слабата реализација на Алкалоид

Во првиот ден од 19. коло во Бизнис лигата на Македонија победи остварија Пекабеско, ЕВН и ЈСП.

МЕПСО во отворен фудбал го совлада Пекабеско

Пекабеско 5-9(2-3) МЕПСО
Пекабеско: Александар Димичевски 15’ 18’ 40’ Александар Георгиевски 29’ Дејан Неделковски 31’
МЕПСО: Виктор Петровски 2’ Драган Влајакиноски 9’ Борис Трајковски 14’ Кире Наумовски 22’ 37’ 39’ Диме Рошкоски 25’ 39’ Братислав Савовски 40’
На самиот старт на првото полувреме екипата на МЕПСО ја превзеде иницијативата во дуелот со Пекабеско се до 14-тата минута МЕПСО беше во одличен ритам правејќи резултатска предност 0-3, во 15-тата минута се разбуди екипта на Пекабеско па со одлична игра успеа да намали на 2-3. Мора да напоменеме дека Пекабеско промаши и неколку отворени шутеви за гол. Полувреме 2-3. Идентична слика и во второто полувреме екипата на МЕПСО стекна предност која Пекабеско се обиде да ја стигне во неколку наврати но не успеа, па МЕПСО го доби овој натпревар со 5-9.
 
ЕЛЕМ ја искористи слабата реализација на Алкалоид

ЕЛЕМ 7-5(4-1) Алкалоид
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 4’ 27’ 32’ Антонио Ничевски 7’ 16’ Слободан Лајкоски 8’ Диме Милевски 28’
Алкалоид: Оливер Христовски 6’ Стефан Димовски 25’ 32’ Марко Марковски 30’ 37’
Екипата на ЕЛЕМ во дуелот со Алкалоид уште на самиот старт влезе доста мотивирано наметнувајќи свој препознатлив стил на игра. Во првото полувреме Алкалоид не можеше да најде противигра за играта на ЕЛЕМ па се обиде со голман играч да ја надокнади негативата од 3 гола, но и тоа не вроди со плод па на полувремето ЕЛЕМ отиде со 4-1. Во второто полувреме Алкалоид продолжи со голман играч преку кој успеа да оствари неколку изгледни шанси за гол кои речиси од сто порцентна позиција не успеа да ги реализира тоа вешто го искористи екипата на ЕЛЕМ која го доби овој натпревар со 7-5.
 
ЈСП рутинирано до победа над АрцелорМиттал

ЈСП 10-5(5-3) АрцелорМиттал
ЈСП: Дејан Блажевски 3’ Марјан Србиновски 5’ 38’ Сабит Хусеини  6’ Даниел Антовски 10’ 26’ Томи Петковски 20’ 33’ 35’ 36’
АрцелорМиттал: Александар Зотиќ 15’ Методија Миовски 15’ 19’ 21’ Игор Мирчевски 40’
Екипата на ЈСП речиси во текот на целиот натпревар го контролираше резултатот наметнувајќи свој ритам пред се во делот на нападот каде што со голман-играч успеваа да имаат перфектно организиран напад. Екипата на АрцелорМиттал во неколку наврати се обиде да фати резултатски приклучок но искуството на ЈСП не го дозволи тоа па рутинирано го доби овој натпревар со 10-5.
19 април 2016 - 09:32