Купи го воздухот што го дишеше Коби Брајант

Ако сакате баскет со потпис на Коби Брајант, дрес или шорцеви епа тоа нема на продажба, ама затоа ќе најдете една будателинка која на Ибеј продава ќеса со воздухот на легендата на Лејкерси кој за последен пат дишеше како кошаркар на 13 април против Јута Џез.

Првата понуда била 1 долар

А откако на наддавањето имало 92 понуди воздухот стигнал до цена од 15.000 долари.

Колкави се шансите во ќесата да биде воздухот што го дишел Коби Брајант е глупаво воопшто некој да земе да го анализира, а единствена паметна работа кај дечково на кој му дошла идејава е што дел од парите ќе ги донира за хуманитарни цели.

18 април 2016 - 14:04