„Можев уште да играм, но требаше со сила. Се чуствував како затворен во канцеларија. Сакав да знам што се случува во светот и што можам да сторам за светот. Многу луѓе, пријатели ме прашуваа за Јапонија а јас не знаев што да одговорам. Сфатив дека не знам ништо за Јапонија. Одлучив да патувам низ земјата и да ја научам јапонската култура. Во последните пет години ги посетив буквално сите мали места, запознав луѓе од селата, фармери, млекари и се обидов да дознаам кои се најубавите места кои треба да се посетат за да им кажам на пријателите“, ја образложи Наката одлуката прерано да го напушти фудбалот.
Цели две години ги гледал сезонските миграции на северот на Танзанија, шутирал топка со африканските деца по прашливите рамнини, се чудел на поларната светлост на северот, бил дури во Казахстан, Киргистан, Узбекистан и Туркменистан. Прошетал повеќе од 100 земји.
„Го пропатував светот за да го видам со свое око, затоа што кога патувате како играч вие гледате само авиони и хотели", објасни Хидетоши.
Сето тоа време Наката практично не работел ништо, само патувал. Еднаш во неколку месеци знаел, меѓу летовите, да сними некоја реклама за некое списание за модни брендови. На азискиот пазар, Хидетоши е главна цел, па дури ниту после повлекувањето од фудбалот. Тој е најплатениот Јапонски фудбалер (повеќе од 20 милиони евра му тежеше трансферот во Парма).
Во Европа учествуваше и во снимање на најголемата реклама за Најк The Secret Tournament. Таму снимаше со Роналдо, Роналдињо, Тиери Анри, Роберто Карлос, Ерик Кантона и други славни фудбалери.
„Тој е азискиот Дејвид Бекам. Подеднакво го сакаат и млади и стари и мажи и жени и деца. Модна икона е, елегантен, добро воспитан", вели Мелвин Чуа, организатор на модни ревии, изложби и презентации на брендови.
Портфолиото на Наката е ништо помалку богато од она на Кристијано Роналдо - се сликаше за GQ, имаше фотосесија за Esquire, снимаше реклама за Келвин Клајн итн. Ова е само дел од страста за која зборува Наката по напуштање на фудбалот.
Во секоја земја, Хидетоши Наката е познат по две теми - фудбалот и Јапонија. Културата на неговата земја била мистериозна и неистражена и за самиот Наката кој не знаел да каже ништо интересно за неа.
Од 2009. до 2015. година, без брзање Наката ги научил сите 47 јапонски перфектури: одел по занаетлии, по мајстори, храмови, дворови, ресторани, хотели. „Не знаев дека сè ќе трае шест ипол години, мислев дека можам да видам сè за шест месеци, признава Наката и додава: Само во перфектурата Аомори се задржав три недели. Јапонија едноставно нема крај.
Врз основа на патувањето, Наката одел во процинциите со камермани и снимал репортажи за тоа како живеат таму семејствата, што значат ќерамичките производи за древната технологија. После шест години станал најистакнатиот амбасадор на јапонската култура на Западот. Поранешниот фудбалер на Рома, Перуџа и Парма отворил и фонд кој организира изложби на народната уметност која подразбира употреба на бамбус и керамика.
Потоа отворил сопствен бренд, инспириран од тоа што го понело производството. Пред да оди на традицоналниот саем на пијалаци, посетил 250 винарии од Јапонија. Луѓето од таму го обесхрабрувале: „Во оваа индустрија е многу моќна силата на традицијата, постои разговор само лице во лице. Ако пишуваш мејл или оставаш телефон нема да имаш никакви врски. Така на пат одев и по 20 пати месечно„, вели Наката за винската индустрија.
Наката се спријателил со мајсторот за саке, Акицуно Такаги кој води семејна дестилерија основана уште во 1615. година. Наката решил годишно да пушти во промет само 1.000 вредни шишиња саке (јапонско вино) .Пијалакот е во минималистички црни шишиња, без етикети и шарки и се продава само во 10 странски земји меѓу кои Франција, Јужна Кореа, Индонезија и Сингапур. Една флаша од 750 мл се проценува на 2-3 илјади долари и е вклучена во менијата на екслузивните ресторани.
„Сега светот се стреми кон побрзо, поедноставно и поевтино. Тоа е лесно да се објасни, но мора да знаеме кога да се застане, затоа што во брзиот и удобен живот ќе ги потрошиме квалитетните работи. Треба рамнотежа. Со оглед на популарноста, можам да свртам внимание на луѓето за ова", вели Наката.
Според некогашниот фудбалер во Јапонија денес драматично расте пазарот на пивото, а винариите се смалуваат, така што младите не знаат речиси ништо за сакето и не се заинтересирани за вино.
„Потенцијалот на сакето е голем во странство затоа што луѓето почнале да ги ценат јапонските производи поради популарноста на азиските ресторани, додава Наката. Растот на сакето го спречува само недостигот на информации за него".
Хидетоши притоа создал и мобилна апликација каде што се основните информации за изборот и користењето на саке, како и податоци за повеќе од 6.000 јапонски брендови. Доволно е да ја сликнете флашата вино, системот ќе го препознае производот и ќе ги добиете информациите за него на италијански, англиски и јапонски: рок, состојки, арома, вредност, со што да се мези и слично.
И покрај тоа што знае колку се корисни овие апликации, тој и натаму не користи смартфон, туку обична Нокиа 3720. Во блиска иднина, Наката планира да создаде нова чаша која што ќе изгледа нешто меѓу чашка за ракија и чаша за бело вино. Меѓу повеќето долгорочни планови е и произвдство на пенушаво, полесно саке (околу 7 степени). Хидетоши е ангажиран и во јапонскиот ресторан КОКО во Хонг-Конг каде дегустира околу 30 различни вина на секои два месеци.
Фудбалот не му е целосно здосаден, но.
„Го сакам фудбалот, но љубов е малку пресилен збор. Никогаш не сум бил фанатик по фудбал да гледам цело време на телевизија и да водам евиденција. Дури и сега кога ја завршив кариерата не гледам многу фудбал, признава Наката и додава: Да бидам искрен не сакам да гледам спорт, сакам да создадам нешто отколку да гледам други".