На 521 натпревар во својата досегашна 12 годишна кариера, Лионел Меси кој 5 пати е прогласуван за најдобар фудбалер во светот, постигна 450 голови за Барселона и 50 за Аргентина. Тоа е просек по 0.80 по натпревар. На Роналдо е 0.68.
Со лева нога постигна 407 голови, а до сега има 33 хет-трикови.
Со 28 години тој е најдобар стрелец во историјата на Барселона, а му фалат уште 4 гола за да го мине и Габриел Батистута кој е прв стрелец на аргентинската репрезентација. Марадона даде 34.
Голеадата ја почна на 1 мај 2005-та против Албасете и се до 500-от погодок синоќа против Валенсија ги имате сите по број, екипа против кој е постигнат и датум. Сето ова во едно видео.
Најмногу му лежат Атлетико и Севиља, а најдобро му тргна во 2012-та.
10-от му е против Хрватска, 50-от против Валенсија, 100-от против Динамо Киев, 200-от против Реал Мадрид. 300-от против Рајо Ваљекано, 400-от против Гранада. Магијата против Гетафе е под реден број 21.
Видеото трае нешто помалку од едно полувреме.