Розберг до хет-трик сезонава дојде откако успеа да ја сочува лидерската позиција и предноста во однос на Себастијан Фетел од Ферари. За Германецот ова е шеста последователна победа во Ф1.
Покрај Фетел и Розберг, на подиумот стигна и Данил Квјат од Ред Бул. Бранителот на титулата, Британецот Луис Хамилтон утринската трка ја започна од последното место, поради проблеми во квалификациите, а поради промената на менувачката кутија, денес заврши седми што и не е така лошо ако се имаат предвид околностите во кои возеше.
Трката во Кина донесе неколку промени во редоследот на местата и сигурна победа на Розберг. Шестиот триумф по ред на Германецот му овозможи да застане раме до раме со легендите Алберт Аскари, Михаел Шумахер и токму Фетел. Денес Розберг немаше предност само во првите три круга, кога лидер беше Даниел Рикардо. Австралиецот му пружи најголем отпор на Розберг, но недоволно за нешто повеќе.
По три трки на генералниот пласман води денешниот победник со максимални 75 бодови, пред Хамилтон со 39 и Квјат со 36 бода. Во класата конструктори, Мерцедес води со 114 пред Ферари со 61 бод.
Следната трка за ГН на Русија се вози празнично на 1. мај во Сочи.