Лучано Спалети (17 април 2016)
„Десет години играте вакви срање натпревари кои мора да ви ги трпам“, им рече Спалети на играчите на полувремето меѓу Аталанта и Рома кое по првите 45 минути заврши 2:2.
Потоа му се обрати на Тоти откако капитенот му реплицирал на критиката:
„Ти молчи, ми одиш по разни места да играш карти во 2 по полноќ“
Марчело Липи (1 октомври 2000)
„Да бев претседател веднаш ќе го отпуштев тренерот, потоа ќе ги земев играчите, ќе ги потпрев на ѕид и ќе им удирав со клоци“, рече Липи на прес конференција откако дебитираше на клупата на Интер со пораз од Реџина која направи пресврт.
Следниот ден Масимо Морати му врачи отказ.
Жозе Мурињо (18 јануари 2009)
„Првото Скудето го освоивте на маса, второто без противници, а третото во последна минута“, им рече Мурињо на своите играчи по победата на Аталанта против Интер 3:1“
Филипо Инѕаги (25 април 2015)
Милан загуби 2:1 на Фриули од Удинезе и остана без шанси за пласман на меѓународна сцена. Инѕаги го загуби трпението и кога автобусот тргна накај аеродром ги обвини играчите дека слабо се залагале. Откако некој од фудбалерите се обиде да му врати тој остро одговори:
„Не бевте достоен противник“.
Андреа Страмачони (8 февруари 2015)
Удинезе загуби од Наполи 3:1, но проблемот беше што сите голови ги примија во последните 20 минути. Страмачони беше бесен и им викаше на играчите во подтрибинскиот простор.
„Ме засрамивте со начинот на кој игравте во последните 20 минути. Да загубиш од Наполи е океј, ама не вака. Кои по ѓаволите мислите дека се, Реал Мадрид? Срамота.
Зденек Земан (3 октомври 2015)
Земан со Лугано, инаку последен на табела, беше без победа 2 месеци.
„Мојот тим е некако мек, како да нема глад за победи. Се обидувам да ги стимулирам, ама не реагираат“.
Роберто Манчини (16 јануари 2016)
Интер ремизираше 1:1 со Аталанта и се повеќе се оддалечуваше од посакуваните места на табелата.
„Први сме во правење грешки во додавање. Треба технички да играме подобро“.
По 12 дена Манчини го искритикува Икарди кој промаши чиста шанса против Карпи.
„Јас на 50 години ќе го дадев“.
Џанлука Феста (21 ноември 2015)
Комо како последен на табела во втора лига загуби 2:0 од Верчели. Џанлука кој е 3 недели тренер на клубот изјави:
„Моите играчи направија многу грешки, примија смешни голови и не знаеа да чуваат. Бевме на терен колку да ни помине времето“.
Комо заврши последен на крајот на сезона, а тренерот доби отказ.
Синиша Михајловиќ (3 септември 2015)
Милан ја победи Мантова 3:2 на пријателски меч, но на полувреме губеше 1:2. По критиките на Михајловиќ упатени кон своите играчите во првите две кола од првенеството изјави:
„Ако не трчаат нема одење никаде. Ако ова е пристапот и ако никој не игра, тогаш нема жалење“.
Ециолино Капуано (2 ноември 2014)
„Да примиш гол со играч помалку во 90 минута е срамота, не го прифаќам тоа. На терен треба да играат само луѓе со мадиња“, изјави тренерот на Арецо по поразот од Алесандрија со 1:0.