Offside

Легендарниот бразилски центарфор кој во еден момент беше можеби најдобар шпиц на светот, во отворено интервју за Газета дело Спорт раскажува за својата неверојатна кариера и како тоа што селекторот на Бразил Сколари не го повикал бил повод да падне во тешка состојба и да посегне по разни супстанци.

Ривалдо од трета лига

Откако пред 5 дена роденденот на 44 годишниот Бразилец го одбележивме со ножичките вредни пласман во Лига на шампиони, викендов се најде јунак по име Хави Гомез кој го повтори голот во третата шпанска лига, ама од уште подалеку.

Палермо победува кога Трајковски дава гол

По пауза од 13 кола завршува црната серија на сицилијанците кои стигнаа до 3 важни бода во борбата за опстанок со директниот конкурент Фрозиноне. Трет гол за Трајковски во Серија А.

Напад на судија и прекин на дерби во Турција

Големото ривалство меѓу Трабзонспор и Фенербахче ескалираше и вечерва. Гостите од Истанбул водеа 0:4 кога во 89’ минута домашен навивач влезе во теренот и физички го нападна судијата зад голот по што мечот се прекина. На табелата води Бешикташ со шест бодови повеќе од Фенер кој има натпревар помалку.

Три фиксови и една полувреме-крај

Неделните предлози на Мирјана носат коефициент 67 со четири парови од кои едниот е ризичен. Да пробаме и вака.

Тешко се руши лошата традиција наречена Веспрем

Ракометарите на Вардар не успеаа да го добијат тврдиот противник и со посакувана победа да патуваат на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Унгарскиот состав со гранитна одбрана и големо искуство го освои Јане Сандански.

Мамаду Сако паднал на допинг тест?

УЕФА соопшти дека одбранбениот фудбалер на Ливерпул, Мамаду Сако е под истрага поради тоа што паднал на анти-допинг тестови после мечот против Манчестер во Лига Европа.

Загревање со навивачите на Вардар и Веспрем

Ракометната треска во четвртфиналето од Лигата на шампионите стартуваше околу два часа пред мечот во фан зоната пред салата Јане Сандански. Навивачите на Вардар и Веспрем заедно се во исчекување на првата голема пресметка која се надеваме дека ќе ја добијат црвено - црните.

Ме викаат корејскиот Меси, а јас сакам да бидам Ли Синг Ву

По суспензијата од ФИФА, чудото од Јужна Кореа цели три години не настапуваше за Барселона. Сепак тоа не го спречи да се врати и да почне да покажува зошто го сметаат за легитимен наследник на Лионел Меси.

Девет типови за добивка од 100 евра

Мирјана за денеска предлага да се бркаат само победи на домаќините. Меѓу нив има и еден ризичен меч, а вкупниот коефициенти на тикетот е 61.

Осврт на деветнаесеттото коло од Бизнис Лигата

Во рамките на 19. коло од Телеком Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни осум натпревари. Со двата заостанати натпревари кои ќе бидат одиграни во вторник ќе се заокружи регуларниот дел на Телеком Бизнис Лигата на Македонија.

Колку може да ти се најде тренерот

Гимнастичаркава има само 11 години, неискуство и желба да научи повеќе во овој ризичен спорт, каде добро е што се наоѓа некој кој ќе те пази како татко.

Судиите на ЕП 2016 ќе добиваат инсајдерски информации

Пјерлуиџи Колина за ова Европско првенство донесе новитети на кои ќе треба да внимаваат играчите со лоша репутација.

Супер мотиватор и прав лидер

Кога фудбалот ви е во крв уште од детството и го сакате вашиот клуб без разлика колку години имате. Како на пример ова девојче, навивач на шпанскиот второлигаш Алкоркон.

Браво за Дарио Срна

Капитенот на Шахтјор знае одлично да се погрижи за децата кои немаат и кои се соочуваат со разни проблеми. Ќе им подари 100 лап топ компјутери.

Ќе промаши некој пенал, до утре

Пеналите секогаш се драма со јунак и трагичар. На еден меч во аргентинската 4. лига пред 5 години се шутирал 41 пенал, по што публиката почнала да се прозева на трибините. Тоа е воедно е и светски рекорд во Гинис.

Правеше одлични забави и девојките го сакаа

„Во првите седум кола истрчавте 114 км во просек. Ако до крајот трчате 118 км, ќе добиете плус четири дена одмор“, е еден од методите со кој Клоп ги мотивирал шампионите во Дортмунд. Претходно во Мајнц ги носел играчите на пиво после гостувањата.

Ако навистина ви е до клубот, одете си

Војната меѓу навивачите на Лидс и тврдоглавиот италијански газда не престанува. Уште кога го купи клубот пред две години и веднаш го отпушти тренерот, тие протестираа облечени како мафијаши, а најновиот притисок му го направи 15 годишен навивач кој му испрати писмо.

Панчев во друштво со Џеко, Ривалдо и Стоичков

По утките на Џеко од кој во Рома очекуваа многу повеќе, италијанскиот весник Газета дело спорт направи листа на најголеми промашувања во Серија А во последните 30 години. Место направија и за Кобра кој одамна призна дека Интер му била погрешна дестинација.

Да нема забуни

Ако во Израел секоја втора екипа во своето име има Макаби или Хапоел, во Шпанија тоа е со кралското Реал. Со цел да се избегне мешање правиот Реал е прав Реал.

УНИКА во изедначен натпревар го победи ЕВН

Екипите на УНИКА и Гранит стигнаа до тесни победи во последниот ден од 19. коло во Бизнис лигата на Македонија, а Лукоил ја доби службена.

5 начини на кои Лестер ја шокираше Премиер лигата

1. Најмногу погодени пенали и најмалку погодени стативи. 2. Најмалку потрошени пари за трансфери во топ 4 екипите на табела. 3. Најмногу победени тесни натпревари 4. Најконзистентен состав 5. Големите клубови за разлика од Лестер загубија многу мечеви.